Зина Креља

Зина Креља (Битола, 17 јануари 1925Скопје, 21 ноември 2004) — македонска оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ.[1][2]

Животопис

Креља е родена во Битола на 17 јануари 1925 година. Потекнува од музикално семејство (мајка и била Нада Џамбазова – оперска певица)[3]. Пеење учела во Загреб, а вокалното образование го продолжила во Рим кај проф. Страчари. Во 1946 година дебитирала во Загреб со улогата на Виолета Валери во операта Травијата. Една сезонабила ангажирана во Сараевската опера, а во Операта на МНТ, како еден од нејзините основачи била од 1947 до 1981 година. Во својата кариера остварила повеќе од 20 улоги. Настапувала и на концертниот подиум. Гостувала во музичките центри на поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Швајцарија. Поседувала сугестивност и сензибилитет во изразот и сценски шарм. Добитничка е на голем број на награди и признанија, меѓу кои и на најголемата државна награда „11 Октомври“[4]. Починала во Скопје на 21 ноември 2004 година[5].

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица