Ириси (Ван Гог)

слика од Винсент ван Гог

Ириси (француски: Les Iris) – една од многуте слики и графики на холандскиот сликар Винсент ван Гог на која се прикажани ириси. Ирисите ги насликал додека живеел во санаториумот Сен Пол де Мозол во местото Сен-Реми де Прованс, Франција, во последната година од животот.

Ириси
Оригинален наслов, на француски: Les Iris
ТворецВинсент ван Гог
Годинамај 1889
Димензии71 см × 93 см
МестоМузеј Ж. Пол Гети, Лос Анџелес, Калифорнија

Историја

Сликата била создадена во мај 1889 година, пред неговиот прв психички напад. На сликата недостасува онаа напнатост која би обележува неговите последни слики. Ван Гог сликата ја нарекол „громобран за мојата болест“ бидејќи сметал дека единствено сликарството може да го сочува од потполно губење на разумот.

На оваа слика, како и на бројни други негови слики од тоа раздобје, влијаело јапонското укијо сликарство со дрворез. Сличностите се во снажните контурни линии, необичните агли, вклучувајќи и крупен кадар, и користење на локалните бои без моделирање со светла. Ван Гог оваа слика ја сметал за студија и заради тоа не постојат скици или цртежи за неа.[1]. Но неговиот брат Тео сметал дека е доволно добра заедно со сликата Ѕвездена ноќ над Рона, да учествува на годишната изложба на Друштвото на независни уметници (Société des Artistes Indépendants) во Париз, во септември 1889 година. Тео му пишувал на брат му за изложбата и ја споменал сликата: „Впечатлива за око од далеку. Ирисите се убава студија полна со воздух и живот“.

Сопствеништво

Првиот сопственик на сликата бил Жилиен „Пер“ Танги, производител на бои и препродавач на уметнички дела, чиј портрет Ван Гог го насликал трипати. Во 1892 година Танги за 300 франка му ја продал на критичарот и анархист Октав Мирбо, кој бил еден од првите љубители на Ван Гоговото сликарство [1]. Подоцна завршила во сопственост на Џоан Витни Пејсон од Њујорк.

Во 1987 година, во аукциската куќа Сотби во Њујорк била продадена за тогаш рекордни 53,9 милиони американски долари на австралискиот претприемач Алан Бонд, и станал најскапа слика на светот, рекорд кој го држела две и пол години.[2]. Алан Бонд не можел да ја плати сликата и Ириси е препродадена (веројатно за нешто помала цена) на музејот Гети [3]

Наводи

Надворешни врски