Ихтис

Ихтис (грчки: ἰχθύς - риба) е ранохристијански симбол кој во првобитната црква се користел како акроним за изразот: »Исус Христос, Божји Син, Спасител«. Ихтис на грчки значи риба.

Ихтис, еден од најраните Христијански симболи.

Значење

Според некои усни преданија, овој симбол бил користен од страна на христијаните во времето на нивните прогони од Римското Царство како знак за нивно распознавање бидејќи грчкиот збот ἰχθύς во себе го содржи изразот Ιησούς Χριστός Θεού υιός σωτήρ:

  • ΙΗΣΟΥΣ (Iēsoûs »Исус«)
  • ΧΡΙΣΤΟΣ (Christós »Христос - Помазаник«)
  • ΘΕΟΥ (Theoû »Божји«)
  • ΥΙΟΣ (Hyiós »Син«)
  • ΣΩΤΗΡ (Sōtér »Спасител«)

Историја

Во историјата сѐ уште не е познато дали христијаните биле први кои се служеле со овој знак за распознавање. Овој симбол се поврзува со Афродита, Атаргатис, Дагон, Ефес, Изида, Делфин, и Пелагија.[1]. Барбара Вокер, во нејзината книга The Woman's Dictionary of Symbols and Sacred Objects, пишува дека ихтисот бил син на морето на божицата Атаргатис и дека се користел како симбол на сексуалноста и плодноста.

Сепак, за првпат овој симбол се појавил како графит во катакомбата на Папа Каликст I во Рим, а подоцна и на христијанските мозаици во христијанските храмови. Рибата се споменува и дала симболичко значење неколкупати во евангелијата. Неколку од Исусовите ученици биле рибари.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица