Прејди на содржината

Ијирак (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ијирак
Слики од откривањето на Ијирак земени од CFHT во Септември 2000 г.
Откривање
ОткривачЏ. Џ. Кавеларс
Брет Гледман
Откриено2000
Ознаки
S/2000 S 6
Орбитални особености[1]
Епоха 2000 февруари. 26.00
11.124 гигаметри
Занесеност0.3163
451.4 ден
(1.24 година)
Наклон46.444° *
Месечина наСатурн
Физички особености
Среден пречник
13+50
30
 km
[2]
13,03 ± 0,14 часа[2]
Албедо0.04[3] претпоставка

Ијирак или Сатурн XXII (22), е мал напредна неправилна месечина на Сатурн. Откриен бил во 2000 година од тимот на Брет Гледман, Џон Џ. Кавеларс и др., и му била дадена привремената ознака S/2000 S 6.[5][6] Името го добил во 2003 година по ијирак, суштество во Инуитската митологија.[7]

Неправилни напредни групи на сателити на Сатурн: Инуитска (сина) и Галска (црвена). Орбиталното занесување е претставено со жолти делови кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот .

Ијирак кружи околу Сатурн на просечно растојание од 11,1 гигаметри за 451 ден, со орбита многу слична на таа на Кивиук. Се верува дека Ијирак е во Козаиева резонанца: неговата орбита циклично го намалува наклонот додека ја зголемува занесеноста и обратно. Орбиталниот аргумент на перицентарот осцилира на околу 90° со амплитуда од 60°.[8]

Физички одликиуреди извор

Иако Ијирак е член на Инуитската група на нерегуларни сателити,[9] неодамна било забележано дека е изразито поцрвен од Палијак, Сијарнак и Кивиук. Неговата спектрална косина (мерка за рефлексија на телото во функција на брановата должина) е двојно пострмна од таа на другите сателити од Инуитска група (20% на 100 nm), што е карактеристично за црвени заднептунски тела како Седна, но ги нема кај неправилните сателити. Исто така, во спектарот на Ијирак[10] нема слаба апсорпција од приближно 0,7 μm (а е пронајдена кај другите три тела) што најверојатно се должи на водена хидратација.[4]

Имеуреди извор

Ијирак го добил името во 2003 година по Ијирак, суштество од Инуитската митологија.[7]

Кавелаарс, астроном од Мекмастер Универзитетот, го предложил имево со цел да се престане со именувањето на астрономските тела по ликови од грчко-римската митологија и карактери од ренесансните дела. Поминал неколку месеци во обид да најде имиња кои би биле и мултикултурни и канадски, но не успеал да најде ништо соодветно. Во март 2001 година, додека им читал приказна за Инуитите на своите деца, конечно го нашол тоа што го барал. Ијирак играл криенка, а истото го правеле и овие мали месечини на Сатурн: тешко е да се најдат и се ладни како канадскиот арктик (во тимот на откривачи имало канаѓани, норвежани и исланѓани). Кавелаарс стапил во контакт со авторот на приказната, Мајкл Кусугак, за да добие негова согласност, а тој, исто така, ги предложил имињата за Кивиук и 90377 Седна.

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија