Кардинал

Кардинали[1][2] (од латински cardinalis, cardo, основен) се највишите служители во католичката црква, чија работа е да помагаат на папата. Кардиналите се назначуваат лично од Римскиот Папа. Како кардинал може да биде избран секој свештеник ( духовни лица) какви што се епископите и архиепископите.

Облека на кардиналите

Функции

Кардиналите се членови на Кардиналниот колегиум. Единиот од кардиналите, кој раководи со колегиумот, се нарекува Декан. До неговиот избор за Римски Папа, Џозеф Рајцингер, сега Бенедикт XVI, ја исполнуваше имено оваа функција- декан на Кардиналниот колегиум.Кардиналите, кои немат навршено 80 години учествуваат во Конклав (во буквален превод - "под клуч"). Конклавот е органот, кој го избира новиот Римски Папа. Тоа е избор всушност по смртта на претходниот папа. Тоа е и органот, кој управува со Римокатоличката црква во периодот помеѓу изборот на новиот папа.

По смртта на папата, сè до неговиот нов избор, еден од кардиналите ги презема функциите привремено на Црквата и ги организира дејностите кои се поврзани со погребот на починатиот папа. Овој кардинал се нарекува кардинал-камерлинг. Оваа функција на Римокатоличката црква се назначува од Римскиот Папа. Последниот кардинал-камерлинг на Римокатоличката црква беше кардинал Сомало, при смртта на Папа Јован Павле ІІ.Услови за ПапаЗа Римски Папа може да биде избиран само член на Кардиналниот колегиум, кој има право на Конклав.

Облека

Кардиналите се облечени во црвено и нивната облека се состои од следните делови:

-шешир, под кој се наоѓа баретка и мала капа која го покрива тонзурата

-црвен мантил, прстен со црвен камен и крст околу вратот

Занимливости

-Во денешно време улогата на кардиналите е повеќе административна. Од 1586 година бил утврден и нивниот број, кој изнесува 70. Тие стално живеат во Рим.

-Секој кардинал има право на плата доколку неговите лични пригоди не му се доволни

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица