Кинеска митологија

Кинеска митологија (пинјин:shénhuà, мандарински: 中國神話) опфаќа митови кои во кинеската традиција се пренесени писмено, усно и низ уметност. Митологијата е во врска со полубожествени и божествени суштества, чија вистинитост не е можно да се провери. Кинеската митологија се однесува на митовите кои настанале на територија на Кина, а нејзини најчести теми се однесуваат на постанокот на кинескиот свет и култура, како и силата на природата во однос на човекот. Бидејќи митовите зборуваат за натприродни настани, јазикот со кој се раскажани изобилува со хиперболи, метафори и апсурд. Со оглед на тоа дека се врзува за некој народ или за историја, митот од една страна е историска, а од друга страна е митолошка приказна и тоа ја разликува од останатите. Први спомнувања за кинеската митологија датираат од 12 век пред новата ера и се во врска со записите на проречените коски. Митовите усно се пренесувале илјада години додека конечно не биле запишани.

„Девет змаеви“, свиток од времето на династијата Сунг, се чува во музеј во Бостон, САД

Во Кина исто така започнале многу други митолошки традиции, вклучувајќи ги тибетска митологија, турска митологија, корејска митологија, и други. Заедно со кинескиот фолклор, кинеската митологија е дел од кинеската народна религија.

Три најпознати кинески митски школи се: суанје, хуентјен и тјенгај џоубеј.

Создавање на светот

Како и повеќето митологии, и овде постојат митови за создавањето на светот, луѓето и животните, со објаснувања за природата. Најопширен е митот поврзан со Пангу, првото живо суштество.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица