Ковчег

Ковчег (сандак, ковчег) е еден од најстарите форми на мебел. Вообичана е правоаголна основа со четири ѕида и капак. Внатрешноста може да биде поделена на помали делови. Најчесто се изработуваат од дрво, а можат да бидат украсени на различни начини. Порано се употребувале за складирање на облека, храна, оружје и вредни предмети.

Стар дрвен ковчег

Историја

Ковчези се познати во Египет од осамнаесетата династија (1539-1292 г. п.н.е.). Тогаш биле поставувани на кратки ногарки. Вештината на правење на вакви ковчези била изгубена во текот на средниот век, и тогаш се состоеле само од издлабено дрво, обично со капак.[1]

Ковчезите се користиле по цела Европа почнувајќи од средниот век. Во средниот век и раната ренесанса ниски ковчези се користеле како клупи, додека високи ковчези се користеле како маси. Французи меѓу првите, во 13 век, почнале да ги украсуваат ковчезите.

Во Србија ковчези исто така биле многу распространети. Честопати се изработувале посебно украсени ковчези, во кои девојката го ставала својот мираз, односно девојачка спрема. Спремата ги опфаќала даровите кои невеста ги донесувала во својето ново семејство и некои подвижни работи од помала вредност наменети за домаќинството (постелнина, кујнски премети и слично).[2]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица