Кралство Македонија

Кралството Македонија или Македон — кралство на Македонците во античко време кое во својот зародиш се простирало на просторот во северозападниот дел на денешна Грција,[2], во античко време областа Орестида (главен центар бил градот Аргос Орестикон, отука Аргеадска династија). Кралството на запад се граничело со Епир, со Дарданија [3] на север , на исток со Тракија, а на југ со Тесалија.

(Кралство Македонија)

800 п.н.е. – 146 п.н.е. [[Аталидска династија|]]
 
[[Селевкидска Империја|]]
 
[[Птоломејско Кралство|]]
 
[[Македонија (Покраина во Римското Царство)|]]
Местоположба на Македон
Главен градАјга сè до 400 п.н.е. кога бил преместен од Архелај I во Пела
ЈазициСтаромакедонски подоцна Старогрчки (Атичкиот/Хеленскиот)[1]
ВероисповедРелигија во античка Македонија
УредувањеМонархија
Кралеви
 - 808 - 778 пнеКаран
 - 359 - 336 пнеФилип II
 - 336 - 323 пнеАлександар
 - 221 - 168 пнеФилип V
Историски периодКласична Антика
 - Каран зачетник на Аргеадската династија800 п.н.е.
 - Аминта III ја обединил Македонија382 п.н.е.
 - Покорена од Римската Република во Четвртата Македонско-римска Војна146 п.н.е.
Карта на Македонското Кралство
Македонското шеснаесет-зрачно сонце со кралската розета во сончевата топка, македонски симбол

Подоцна Македонското Кралство станало најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил речиси целиот познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. По неговата смрт започнува борбата на дијадосите за контрола врз Македонската Империја, која резултирала со распад на империјата и формирање на неколку империи наследнички со кои владееле македонски династии.

Македонски династии

Аргеадска династија

Аргеадската династија била династија на кралеви основоположници на Македонското Кралство. Започнувајќи од митолошкиот крал Каран па до славниот Филип II Македонски кој успеал да го зајакне Македонското Кралство, и славниот Александар Македонски кој ја формирал Македонската Империја.

По неочекуваната смрт на Александар Македонски, започнува периодот на војните на дијадосите кои доведуваат до распад на Македонската Империја и формирање на империи наследнички кои биле владеени од династии формирани од генералите во војската на Александар Македонски.

Антипатридска династија

Антигонидска династија

Антигонидската династија била династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот, генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е., Македонија била поделена на четири републики од страна на Римјаните. Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на Римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е.).

Птоломејска династија

Птоломејската династија била династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Птоломеј I Сотир еден од седумте телохранители и генерал во војската на Александар Македонски. Птоломеј I Сотир бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар Македонски, а во 305 п.н.е. се самопрогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египќаните ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните. Династијата владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.

Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсенија или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на Птоломејската династија.

Династијата владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.

Аталидска династија

Поврзано

Наводи

Литература

  • Eugene N. Borza: Before Alexander: constructing early Macedonia. Claremont, CA: Regina Books, 1999. Pp. 89. ISBN 0941690970 (pb) (англиски)
  • Robin Lane Fox, Александар Велики Penguin Books, 1973, ISBN 0-14-008878-4 (pb). (англиски)
  • Nicholas G. L. Hammond, Македонската Држава, Oxford University Press, 1989, ISBN 0-19-814883-6. стр. 12-13. (англиски)
  • Македонска Империја, 1911 Encyclopedia Britannica (англиски)

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица