Курск (подморница)

К-141 Курск (рус. Атомная подводная лодка „Курск“) била атомска подморница од класата Оскар 2 во составот на Северната флота во Руската морнарица. Подморницата потонала по експлозија во текот на воена вежба, во Баренцовото море, при што загинал целокупниот екипаж. Курск била една од најголемите подморници на Руската морнарица и гордост на Северната флота.


Подморница од истата класа како и Курск
Кариера (Русија)
Назив:K-141 Курск
Истоименик:Именувана според градот Курск
Спуштен:1992
Пуштен:1994
Започнал со служба:декември 1994
Судбина:Потонала по експлозија на 12 август, 2000
Општи карактеристики
Класа и тип:Оскар II
Потисок:13.400 т, 16.400 т
Должина:154 м
Ширина:18,2 м
Под вода:9,0 м
Придвижуван од:2 јадрени реактора OK-650Б, 2 парни турбини, 2 елиси со по 7 перки
Брзина:32 јазли (59 км/ч) под вода, 16 јазли (30 км/ч) на површина
Пробна длабочина:300 до 1000 метри [според проценки]
Дополнување:44 офицери + 68 морнари
Наоружување:24 проектили П-700 Гранит, 4 x 533мм и 2 x 650мм торпедни цевки во прамецот
Белешки:Домашно пристаниште: Видјаево, Русија

Историја

Изградбата на Курск започнала во 1992., а била предадена во работа во 1994. Таа била последна од серијата подморници од класата Оскар 2 кои биле дизајнирани и произведувани во времето на СССР. Со должина од 154 метри и висока речиси колку четирикатница, таа била најголемата воена подморница било кога направена. Надворешната обвивка била од челик со висок процент на хром и никел дебел 8,5мм. Ова ѝ овозможувало добра заштита од корозија и од магнетна детекција. До внатрешната обвивка дебела 50,8мм имала 2м празен простор.

Курск бил дел од Руската Северна флота, која била постојано недоволно финансирана во текот на 1990-тите. Многу од подморниците биле усидрени и рѓосувале во Северното Море, близу до Мурманск.[1] Опремата била слабо одржувана, а морнарите не добивале плата со месеци. Кон крајот на декадата дошло до пресврт и вистинска ренесанса за флотата: во 1999 Курск успешно ја следел Шестата флота на САД во Средоземјето за време на Косовската војна.

Експлозија

Во август 2000-та во Баренцовото море се одржувала голема воена вежба во која биле вклучени четири подморници, крстосувачот „Петар Велики“ и флотила од помали бродови. Курск испловил за да изврши вежба со испалување на вежбовни торпеда кон крстосувачот „Петар Велики“. На 12 август 2000, во 11:28 по месно време (07:28 УТЦ) Курск ги испалил торпедата, но брзо потоа дошло до експлозија во подморницата. Единствениот веродостоен извештај до денес е дека експлозијата настанала како резултат на оштетување на едно од торпедата кое било погонувано од водород-пероксид. Хемиската експлозија имала сила еквивалентна на 100-250кг ТНТ, и создала потрес од 2,2 степени по Рихтеровата скала. По експлозијата подморницата потонала до длабочина од 108м, на околу 135км од Североморск, на координати 69°40′N 37°35′E / 69.667° СГШ; 37.583° ИГД / 69.667; 37.583. По 135 секунди, првата експлозија била проследена со втора, поголема, која создала потрес од 3,5-4,4 степени по Рихтеровата скала, еквивалентно на 3-7 тони ТНТ.[2] Една од тие експлозии исфрлила големи парчиња метал кон внатрешноста на подморницата.

Обиди за спасување

Иако биле направени обиди за спасување, дури и со помош на Британски и Норвешки спасувачи, сите членови на екипажот загинале. Се поставува прашање колку долго по експлозијата биле живи, бидејќи кај заменик-капетанот Димитри Колесников биле најдени белешки на кои пишувало дека со уште 23 морнари е затворен во комората број 9 по експлозијата.

Руските команданти и политичари тврделе дека сите морнари веднаш загинале од повреди од експлозиите, но овие се сметаат за повеќе политички изјави отколку веродостојни. Некои траги пронајдени подоцна во подморницата укажуваат дека можеби имало преживеани и неколку дена по несреќата.

Извлекување

Курск била извлечена од холандски спасувачки конзорциум во 2001-та, кој со помош на голема скела ја подигнал подморницата од дното на морето и ги извадиле загинатите. Се покажало дека од високата температура од првата експлозија, дошло до втората експлозија на 5-7 торпеда.[3]

Јадрениот реактор бил деактивиран и јадреното гориво обезбедено, а потоа целата подморница била расклопена во заливот Сајда, на полуостровот Кола во 2003.[4]

Официјалната истрага заклучила дека неисправно торпедо било причината за експлозијата и потонувањето на Курск.

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица