Ливада

Ливада (грчки: λιβάδι) — ареал од рамен или нерамен терен каде предоминираат треви. Обично местото наречено ливада има повеќе биоразновидност отколку пасиштето бидејќи тоа содржи не само трева, туку и многубројни едногодишни, двегодишни и повеќегодишни растенија.

Искосена ливада крај германскиот град Вупертал.

Преодни ливади

Преодна ливада се јавува кога едно поле, пасиште, обработливо земјиште или друга исчистена земја повеќе не се исползува за земјоделство или пасе во голема мера и истото почнува да обраснува. Меѓутоа штом условите за ливада се достигнат, оваа состојба е само привремена, бидејќи овие колонизатори ќе бидат засенчени од дрвенестите растенија кои ќе надојдат и добро ќе се прилагодат.

Вечна ливада

Вечна ливада е онаа ливада каде животните околности засекогаш не им даваат на дрвенестите растенија да виреат. На пример:

  • Алпски ливади се јавуваат на поголеми височини и се одржуваат со суровите климатски услови
  • Крајбрежни ливади се одржуваат со прскањето на солената вода
  • Пустински ливади се одржуваат со ниски количини на атмосферски врнежи
  • Прерии се одржуваат со периоди на сурови суши и како такви се подложни на шумски пожари.

Ливадата како тема во уметноста

  • „Таму долу в ливаѓето“ - македонска народна песна.[1]
  • „Под Битола ливада“ - македонска народна песна.[2]
  • „Ливадата се подновила“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
  • „Ливада со трева“ (англиски: An Acre of Grass) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[4]
  • „Грантчестерски ливади“ (англиски: Grantchester Meadows) — песна на британската рок-група „Пинк флојд“ од 1969 година.[5]

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица