Марија Поп-Ацева - Христова

Марија Божидарова Поп-Ацева - Христова (Скопје, 24 декември 1933) — македонски специјалист по микробиологија со паразитологија и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје[1].

Животопис

Поп-Ацева - Христова е родена на 24 декември 1933 година во Скопје. Дипломирала медицина во Скопје во 1960, специјализирала во 1966 и докторирала во 1980 година за влијанието на антибиотиците врз продукцијата на плазмакоагулазата и нејзината примена како брз метод за одредување на осетливоста на Staphylococcus aureus кон антибиотиците. Била директор на Институтот за микробиологија со паразитологија од 1988 до 1998 година. Од 1992 година е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Се усовршувала на Институтот за тропски болести во Хамбург, а престојувала во научно-техничката соработка во Либиската Џамахирија. Аплицирала техники за докажување на имунифлуоресцентни антитела кај паразитите и кај ентеробактериите, за култивирање на анаеробни бактерии и за серолошка типизација на салмонелла.

Библиографија

Автор е на над 106 трудови.

  • Микробиологија во Современа дијагностика и терапија во медицината, Кочани, 2000.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица