Металургија

наука за металите
Металургија

Процес на топење на злато
Гранки
Област
Екстрактивна металургија
Област
Механичка металургија
Област
Физичка металургија
Поделба
Основна
Црна металургија
Основна
Обоена металургија
Според т.п.
Пирометалургија
Според т.п.
Хидрометалургија
Според т.п.
Електрометалургија
Подпроцеси
Електротермичка
Подпроцеси
Електрохемиска
Преработка (фото)

Изливање на злато
Металургија е наука за металите како и за процесите на добивање и преработка на металите и нивните соединенија, соли и отпадни материјали. Исто така металургија е една од главните гранки на индустрија. Металургија опфаќа рафинација, производство на легури, обликување, оплеменување, проучување на структура, состав и особина на металите. Според видови на метали кои се произведуваат се дели на црна металургија (добивање на железо и челик) и обоена металургија (добивање на сите останати метали). Постои екстрактивна и преработувачка металургија.

Иако во Земјината кора постои обилна количина на метали, повеќето од нив не се наоѓаат во облик погоден за човечка употреба. Во голем дел тие се наоѓаат во комбинација со атоми на неметали во различни соединенија, како што се, сулфиди, оксиди, карбонати итн. Прв чекор на добивање на метали во употреблив облик е ослободување на металите од нивните соединенија. Со тие процеси се занимава екстрактивна металургија. Дури и после топењето, рафинацијата и легирањето, металите се само делумно обработени за финална употреба.

Метали, кои се користат секојдневно како што се фасонка, федер, сврдло итн., имаат посебен облик. Со оваа гранка - за обликување на метали - се занимава механичка металургија. За обликување на металите се користат бројни постапки како што се тркалање, пресување, ковање, извлекување итн. Понекогаш огромни машини, тешки и по неколку тони, им даваат на металните предмети, како што се на пример железните шини, цевки и лимови завршен облик.

Физичка металургија се занимава со контрола на процесите со помош на различни методи и тестови. Таа ги истражува важните теориски и практични принципи на однесување на металите во различни услови со употреба на хемија, физика, термодинамика итн. Со тоа воедно се постигнуваат и оптимални производни параметри на посакуваниот квалитет и облик. физичката металургија исто така ја истражува внатрешната структура на цврстите метали која во голем дел ги одредува механичките и останатите својства, и прави можност за нивно предвидување и планирање. Исто така ги истражува и објаснува рамнотежните и нерамнотежните дијаграми на состојбата на маталите, како и принципите на легирање кои со теориско значење наоѓаат и директна примена во пракса.

Поделба

  • Според технолошки процес:
    • пирометалургија (топење при високи температури)
    • хидрометалургија (извлекување на метали од суровините со помош на водени раствори)
    • електромелатургија (електрометалуршка преработка на руда)
      • електротермичка (црни метали)
      • електрохемиска (обоени метали)

Најпознатата и најчеста поделба на металургија е на:

  • црна металургија и
  • обоена металургија

Историја

Бакарно време

Бронзено време

Железно време

Екстрактивна металургија

Легура

Топлотна обработка

Спојување на металите

Механичка металургија

Ковање

Металургија на прав

Физичка металургија

Металографија

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица