Милчо Манчевски

македонски кинорежисер

Милчо Манчевски — македонски кинорежисер, сценарист, писател, фотограф. „Њујорк тајмс“ го вклучил неговиот филм „Пред дождот“ (1994) во списокот 1.000 најдобри филмови во историјата.[1] Манчевски е автор на три изложби на фотографии, проза и поезија, како и книги, есеи и уметнички изведби. Неговите шест играни филмови се распределени во повеќе од 50 земји.

Милчо Манчевски
Роден(а)Милчо Манчевски
Скопје, денешна Македонија Македонија
Занимањекинорежисер, сценарист, писател, фотограф
НаградиЗлатен лав

1994 Пред дождот
Сребрен Кондор за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина
1995 Пред дождот
Independent Spirit Award for Best Foreign Film
1995 Пред дождот
МТВ музичка Награда за најдобро рап видео
1992 Тенеси
Billboard Награда за најдобро видео

1992 Тенеси
Страница
http://www.manchevski.com/

Творештвото на Манчевски се изучува на студиските програми на бројни универзитети како и во средните училишта во Турција и во Италија, а исто така академски предмет е на две академски конференции (во Фиренца и Лајпциг). Манчевски има почесен докторат од московскиот ВГИК.[2] Тој предавал на постдипломските студии на Tisch School of the Arts at NYU, Feirstein Graduate School at Brooklyn Collegе, ВГИК во Москва, EICTV на Куба, Шангајскиот универзитет, итн.

Животопис

Милчо Манчевски е роден во Скопје. Студирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Како автор на шест играни филмови и над шеесет краткометражни форми кои доживуваат огромен меѓународен успех, Владата на Република Македонија му ја доделува титулата Амбасадор на културата на Република Македонија во 2007, а во 2012 година е прогласен за Национален уметник на Република Македонија.

Руската државна филмска школа ВГИК му доделува почесен докторат во 2013 година. Член е на Здружението на режисери на Америка, Европската филмска академија и PEN клубот. Член е на фестивалски жирија во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Вилнус, Пула, Минхен, Ростов на Дон и др.

Творештво

Пред дождот

Манчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видеоспотови, рекламни и играни киносценарија.

Тој е сценарист и кинорежисер на играните филмови: Пред дождот (1994)[3], Прашина (2001)[4], Сенки (2007)[5], Мајки (2010)[6], Бикини Мун (2017)[7] и Врба (2019), краткиот филм Четврток (short film) (2013)[8], Крајот на времето (2017)[9] и на преку 50 кратки филмови, документарци, реклами и музички спотови. Исто така, Манчевски се појавува и како глумец во неколку кратки филмови, во два македонски играни филма и во една театарска претстава.
Летото 2015 година, Манчевски е претседател на жири-комисијата за доделување на наградата „Леопарди на утрешнината“, во категорија на кратки и средни филмови од млади автори во состав на фестивалот Локарно, еден од најстарите кинофестивали.[10]

Филмографија

  • Кајмак — Премиера на Кинофестивалот во Токио, 26 октомври 2022 година
  • Врба (2019) — Премиера: Кинофестивал во Рим, 19 октомври 2019 година;[2]
  • Бикини Мун (2017) — Премиера: Кинофестивал во Саун Пауло (Бразил), 21 октомври 2017;
  • Мајки (2010) — Премиера: Меѓународен кинофестивал во Торонто, 12 септември 2010; Европска премиера: Берлински кинофестивал 2011;
  • Сенки (2007) — Премиера: Меѓународен кинофестивал во Торонто (Канада), 9 септември 2001;
  • Прашина (2001) — Премиера: Отворање на Кинофестивалот во Венеција, 29 август 2001;
  • Пред дождот (1994) — Прв македонски филм што е предложен за угледната награда „Оскар“, премиерно прикажан на Венецијанскиот кинофестивал, 1 септември 1994;

Краток филм

Сенки
  • Крајот на Времето (2017)
  • Четврток (2013) На 28 август 2013 година, на отворањето на седумдесеттото издание на Кинофестивалот во Венеција, во рамки на специјалниот проект „Future Reloaded“ за првпат е прикажан краткиот филм на Манчевски под наслов „Четврток“, кој по премиерата е поставен на интернет-страницата на Манчевски, како и на „Јутјуб“, каде во првите три дена го видоа дури 15 000 гледачи. Исто така, по завршувањето на фестивалот во Венеција, филмот е поставен и на официјалното мрежно место на овoј фестивал. Најпосле, филмот е прикажан на италијанската радиотелевизија „РАИ“, на каналот посветен на кинематографијата, и тоа во рамки на емисијата за седумдесеттиот јубилеј на фестивалот во Венеција.[11] Инаку, филмот „Четврток“ е снимен според сценариото на Манчевски, а продуцент е Арон Левин. Во главната улога настапува Лора Ласи, директор на фотографијата е Уна Ли, монтажата е дело на Питер Мостерт, а музиката ја компонирал Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и претставува американска продукција.[12]

Рекламни спотови

Уметнички изложби

“Таму, 2020

"Dreaming a Wu Yan Poem", 2017]

„Пет капки сон“

„Улица“ Архивирано на 14 јуни 2022 г.

"The Manifesto of Conceptualists"

"Лица"

"1am"

"How to Explain to a Live Rabbit the Joseph Beuys’ Work How to Explain Pictures to a Dead Hare"

"Загатка"

"1.74"

„Духот на мајка ми“,

Четврток 2 (цензурирано од Фејсбук)

Награди и признанија

Манчевски е добитник на повеќе награди и признанија, и тоа: за филмот Пред дождот наградата „Златен лав“ за најдобар филм на Фестивалот во Венеција (1994), номинација за наградата „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје (1995), наградата „Сребрен кондор“ за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина (1996); за 1.73 награда за најдобар експериментален филм; спотот Тенеси прогласен е за најдобар видео запис според американската музичка телевизија и вброен меѓу стоте најдобри видео записи од магазинот „Ролинг Стоун“.
Манчевски е добитник и на неколку државни признанија: награда „11 Октомври“ (1995), награда „Мајка Тереза“ за хуманитарна работа и Амбасадор на културата на Република Македонија (2007), што ја доделува Владата на Република Македонија.
На 11 март 2014 година, на универзитетот „Браун“ во Род Ајленд, САД, започна ретроспектива на филмското творештво на Манчевски, под наслов: „Денови на Манчевски: Мајчин дожд“. Во рамките на ретроспективата се прикажани филмовите: „Прашина“, „Мајки“ и „Пред дождот.“[13]

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица