Министерство за одбрана на Кина


Министерството за национална одбрана на НР Кина (кинески: 国防部; пинјин: Guófángbù) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.

Министерство за национална одбрана
国防部
Зградата „Првоавгустовска“ — седиште на Министерството за одбрана на НР Кина
Податоци за органот
Надлежност Кина
СедиштеПекинг
РаководителЛи Шангфу
(Министер за национална одбрана)
Матичен органДржавен совет
Мрежно место
mod.gov.cn (англиски)

Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.

Структура

Министерството за одбрана има неколку одделенија:

  • Општа служба
  • Служба за надворешни работи
  • Мировничка служба
  • Служба за регрутација

Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот.

Министер

Иако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво.

Список на министри

Бр.ИмеСтапилНапуштил
1Марш. Пенг Дехуајсептември 1954април 1959
2Марш. Лин Бјаоаприл 1959септември 1971
непополнета
3Марш. Је Џенјингјануари 1975март 1978
4Марш. Сји Сјенгченмарт 1978март 1981
5Генг Бјаомарт 1981јуни 1983
6Ген. Џанг Ајпингјуни 1983март 1988
7Ген. Чин Џивејмарт 1988март 1993
8Ген. Чи Хаотјенмарт 1993март 2003
9Ген. Цао Гангчуанмарт 200317 март 2008
10Ген. Љанг Гуангље17 март 200816 март 2013
11Ген. Чанг Ванчуен16 март 201319 март 2018
12Ген. Веи Фенге19 март 201812 март 2023
13Ген. Ли Шангфу12 март 2023во служба

Поврзано

Наводи

  • „Министерство за национална одбрана“. SinoDefence. Архивирано од изворникот 2007-11-09. Посетено на 2007-11-21. (англиски)

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица