Морис (филм од 1987)

Морис (англиски: Maurice) е британски филм од 1987 година, во режија на Џејмс Ајвори (James Ivory), кој е автор и на сценариото, заедно со Кит Хескет-Харви (Kit Hesketh-Harvey), засновано врз истоимениот роман на Е. М. Форстер. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Вилби (James Wilby), Хју Грант (Hugh Grant), Руперт Грејвс (Rupert Graves), Денхолм Елиот (Denholm Elliot), Бен Кингсли (Ben Kingsley), Марк Танди (Mark Tandy) и Сајмон Калоу (Simon Callow).[1]

Содржина

Дејството на филмот се одвива во Британија пред Првата светска војна. За време на студиите, Морис (го игра Вилби) се спријателува со двајца студенти - лордот Рисли (го игра Танди) и богатиот и убав Клајв Дурхем (го игра Грант). Набргу, меѓу Клајв и Морис се раѓа љубовна врска, која продолжува и откако Морис е избркан од студиите и се преселува во Лондон. Откако лордот Рисли е затворен поради хомосексуален однос, Клајв ја раскинува врската со Морис, а потоа се оженува. Морис настојува да ја излекува својата хомосексуалност, но набргу започнува сексуална врска со младото момче Алек (го игра Грејвс). Алек планира да емигрира во Аргентина, но го пропушта бродот, а Морис му кажува на Клајв за врската со Алек. Бесниот Клајв го прекинува пријателството со Морис, кој се враќа на пристаништето каде го чека Алек со ветување дека никогаш нема да се разделат.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица