НИЛИ врата

ВЛЕЗ
A   B
ИЗЛЕЗ
A НИЛИ B
001
010
100
110

НИЛИ врата, НИЛИ коло или НИЛИ капија (англиски: NOR gate) – дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се појавува логичка единица „1“ само ако двата влеза се во состојба на логичка нула „0“.

НИЛИ вратите се универзални (заедно со НИ вратите) бидејќи сите функции на Буловата алгебра можат да се извршат со НИЛИ врати. На пример, логичката ИЛИ функција се постигнува со спојување други НИЛИ врати на кои кратко им се споени влезовите (па работат како НЕ врата (инвертор)) на излезот на првите НИЛИ логички врати.

Симболи

Постојат 2 симбола за НИЛИ коло, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).

Обичен НИЛИ симбол
Правоаголен НИЛИ симбол

Хардверски опис и распоред на пиновите

НИЛИ вратата е основна логичка врата и како таква постои во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.

Пример на четирикратна НИЛИ врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата. Двата слободни пина се користат за напојување на интегралното коло.

Оваа слика прикажува НИЛИ врата во склоп на интегралното коло ЦМОС 4001.
  • ТТЛ НИЛИ кола:
    • 7402: четирикратна НИЛИ врата со по 2 влеза
    • 7427: трикратна НИЛИ врата со по 3 влеза
  • ХЦМОС НИЛИ кола:
    • 74ХЦ02: четирикратна НИЛИ врата со по 2 влеза
    • 74ХЦ27: трикратна НИЛИ врата со по 3 влеза

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица