Неарх

Неарх (Nearhos) (Лато на Крит, околу 360 пр.н.е. – 312 пр.н.е.) – адмирал на флотата на Александар III Македонски и патописец, по потекло од Крит, но населен во Амфипол.

Неарх
Роденоколу 360 пр.н.е.
Лато на Крит
Починал312 пр.н.е.
Занимањеадмирал
Карта на која се прикажани патувањата на Неарх и кампањите на Александар до кратко по освојувањето на Персиското Царство – од „Историја на Стариот Свет“, д-р Џорџ Вилис Ботсволд, Макмилан, 1913
Патот на враќањето на Неарх (портокалово).

Животопис

Неарх му бил пријател на Александар III уште од младоста. Го придружувал на походот на Исток и бил назначен за сатрап на Ликија и Памфилија (334/3 пр.н.е.). Ја предводел македонската флота составена од околу сто брода и пет илјади војници при нејзиното враќање од Индија (325/24 пр.н.е.). Притоа водел дневник со секојдневни белешки за напорната пловидба од утоката на реката Инд до Персискиот Залив, опишувајќи ги луѓето, обичаите, населбите, флората, фауната итн., кој подоцна му послужил на Аријан како главен извор за неговата книга за Индија (Индике), а исто така го користел и Страбон. За успешното враќање на флотата бил награден со златен венец. По смртта на Александар Ⅲ (323 пр.н.е.) бил во служба на Антигон I Едноокиот и неговиот син Деметриј I Полиоркет. Загинал во битка кај Газа помеѓу Деметриј I Полиоркет и другите дијадоси (312 пр.н.е.).[1]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица