Несреќа на Air Algerie

5017 на „Air Algerie“ — редовен меѓународен патнички лет од Уагадугу, Буркина Фасо до Алжир, кој исчезнал во Северен Мали на 24 јули 2014.[4] Неидентификуван алжирски службеник тврди дека авионот се срушил,[5] додека „Air Algerie“ изјави дека авионот се срушил во близина на Тилемси.[1] Авионот бил директен лет од „Air Algerie“ со цел да обезбеди дополнителен капацитет за време на летната сезона.[6] На 25 јули 2014 година францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека нема преживеани.[7]

Air Algérie Flight 5017
Авионот во јануари 2013 година
Сумирани податоци за несреќа
Датум24 јули 2014 (2014-07-24)
Видпод истрага
МестоМали[1][2]
Патници110[3]
Екипаж6
Жртви116 (сите)
Повредени (нефатално)непознато
Преживеанинепознато
Тип на авионотMcDonnell Douglas MD-83
ОператорSwiftair за Air Algérie
РегистрацијаEC-LTV
Полетал одУагадугу Аеродром, Буркина Фасо
ДестинацијаХуари Бумедине Аеродром, Алжир

Патници и екипаж

Од вкупно 116 патници на авионот,[8] 50 биле французи.[9][10] Според портпаролката на СЕПЛА, сојуз на шпански пилоти,[11] шесте членови на екипажот биле шпанци,[12] според Swiftair.[8]

Луѓе во авионот по националност
ЗемјаБрој
 Алжир6
 Белгија1
 Буркина Фасо27
 Камерун1
 Канада5
 Египет1
 Франција50
 Германија4
 Либан8
 Луксембург2
 Мали1
 Нигерија1
 Романија1
 Шпанија6
 Швајцарија1
 Украина1
Вкупно116[13]

Очигледна несреќа

Авионот полетал од аеродромот Уагадугу во 01:07 по месно време (UTC) на 24 јули 2014. Планирано било да слета на аеродромот Хуари Бумедине во Алжир во 05:10.[14] Министерот за транспорт на Франција Фредерик Кувилиер изјавил дека авионот исчезнал некаде над Северен Мали.[15] Во 09:56 на 24 јули, „Air Algerie“ започнале потрага по авионот.[16] Според портпаролот на француската армија, два француски орбени авиони се приклучиле во потрагата по исчезнатиот авион долж веројатната рута.[11]

Извештаи за остатоците

Француските сили пријавиле дека откриле остатоци од авионот во областа помеѓу Гао и Кидал, во пустинска област која е тешко достапна.[1]Претседателот на Мали Ибраим Бубакар Кејта изјавил дека остатоци биле пронајдени во северните пустини на земјата помеѓу Агелхок и Кидал.[2] Генералот Гилберт Диндир од армијата на Буркина Фасо изјавил деа остатоци од авионот се наоѓаат во регионот Госи на Мали, 50 километри северно од границата со Буркина Фасо.[17]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица