Никола Гелевски

Никола Гелевски, познат и под псевдонимот Пандалф Вулкански (1964, Скопје) — македонски уредник, писател, поет, преведувач и колумнист.

Никола Гелевски - културен центар Точка (2003 - 2009)

Гелевски е директор и главен уредник на книгоиздателството Темплум (од 1990, од првите самиздатски изданија), со над 500 објавени изданија (од 1993) во десетина едиции: Магма (околу 140 книги), Лифт (17), 20/21 Век (околу 40), Катапулт (околу 30), Градот (околу 30), Во 5 кај вртелешките! (околу 20), Старо купувам (6), Триста ветрила! (15), Квир сквер (7), Модерна Македонија (6), Друга приказна (околу 20), итн.

- главен уредник на списанието за култура Маргина (94 објавени броеви од 1994-);

- главен уредник на списанието за стрип Лифт (12 објавени броеви од 1995 до 2000);

- основач на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис Новите! (2006-);

- основач на наградата за стрип Лифт (2018-);

- основач и главен уредник на порталот Окно (2009-);

- основач и главен уредник на Новогодишниот Темплум фестивал (2010-);

- основач и главен уредник на регионалниот книжевен фестивал Друга приказна (2016-)

Творештво

Гелевски е автор на следниве објавени книги (прозните и поетските книги под псевдонимот Пандалф Вулкански):

Призрак против Сенка (постмодернизам за деца; проза, 1993);

Светулки и мракови (прилог за една критика на медиумите; 2002);

Контрапункт (принципи за една поинаква политика, 2004);

Архитортура и гробализација (текстови за градот, 2010);

Никола Груевски - 250 хаику (2011);

Скопски приказни од 2014 (кратки прози, 2011);

Фасадата ги јаде темелите (кратки есеи, 2012);

Текстилна поема (сликовница, со Ѓорѓе Јовановиќ, 2018);

Девет преобразби во чудната шума (песни, 2021);

Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022) во која се објавени три негови кратки раскази Под псевдонимот Пандалф Вулкански).[1]

Панда во дрон (стрип-сликовница, со Ристо Аврамовски, 2022);

Пргавиот зајак (сликовница, со Будимка Поповска, 2023).

Колумнист

Во периодот од 2009 година, па навака, Никола Гелевски работи и како колумнист во следните медиуми: „Форум" (1999-2001), „Утрински весник" (2001-2009), „Глобус" (2009-2011) и „Окно“ (2009-).

Антологии

  • Постмодернизам (1993),
  • Руб Голдберг - Инвенции (1993),
  • Азбучник на најнеобичните антички митови (1994),
  • Ден во Скопје (24 скопски раскази, со Лидија Капушевска-Дракулевска, 2002),
  • Приказни за смртта и љубовта (мала антологија на светскиот расказ, 2004),
  • The Onion (сатирични текстови, 2004),
  • Галерија на откачената страна - Гери Ларсон (карикатури, во две книги, 2005),
  • Крадат град! (текстови за СК014 од 14 автори, 2010),
  • Неред и гротеска (текстови за СК014 од 13 автори, 2010),
  • Птици врз кои ноќта и денот се делат - Блаже Конески (стоте песни, 2014),
  • Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми - Славко Јаневски (избор од поезијата, 2014),
  • „Како така? Зошто така?“ Сè да знае светов сакал!“ - Славко Јаневски (песните за деца, 2014),
  • Што е груевизам (зборник текстови, 25 автор/к/и, 2015),
  • Суфиски приказни (2017),
  • Десетте најдобри раскази на светот (2019),
  • Лавиринт - Влада Урошевиќ (избор од поезијата, 2019),
  • Концерт за мирис и оркестар - Лилјана Дирјан (избор од творештвото, 2020),
  • Велалучка колиба, под Водно - Огнен Чемерски (2017),
  • Дванаесет македонски фотограф/к/и (со Драги Неделчевски, 2019),
  • Свирачиња/Кома - Сто насловни страници на „Окно“ (2019),
  • Гајле Cinema - Тања Аждаја (2019),
  • Попреченост (текстови за инвалидните тела, 2021),
  • Феминистички народни песни (сликовница, 2022),
  • Македонскиот афоризам (во Маргина 94, 2022),
  • Џинџуџе во земјата на афионите, со Владимир Мартиновски, 2022)

Преводи

Гелевски ги има преведено следниве дела:

  • Плас и Плес - Вилхелм Буш (1993),
  • Ѓаволов речник - Емброуз Бирс (1993),
  • Марфиев закон - Артур Блох (1993),
  • Соништа и денови - Немања Митровиќ (1994),
  • Утопистика - Имануел Волерстин (со Кирил Цветков, 2002),
  • Тајната интеграција - Томас Пинчон (раскази, со Жарко Јордановски, 2004),
  • Посета на музејот - Владимир Набоков (раскази, со други преведувач/к/и, 2004),
  • Ишмаил - Владимир Арсениевиќ (2005),
  • Гласовите на времето - Џејмс Г. Балард (2007),
  • Хансеновите деца - Огнен Спахиќ (2010),
  • Глувци и мачки наопачки - Луко Паљетак (песни, 2015),
  • Седам на сонце... - Лидија Дејвис (2017),
  • Суфиски приказни (со Александра Бубевска, 2017),
  • Чудесни апарати (Гвидо Тартаља, 2019),
  • Јануари во жирафа - Дејан Алексиќ (2020),
  • Цакум-пакум одело - Силвија Плат (2020),
  • Your love is king - Еспи Томичиќ (2021),
  • Попреченост (текстови за инвалидните тела, со други преведувач/к/и, 2021),
  • Весело броење - Самуил Маршак (2022),
  • повеќе десетици преводи (поезија, проза, теорија, уметност...) за списанието Маргина (од 1994) и за порталот Окно (од 2009-).  

Граѓански активности

Еден од основачите на здружението Контрапункт (1999), на културниот центар Точка (2003-2009), на групата ГЕМ (Граѓани за европска Македонија, 2008), на групата Плоштад Слобода (2010), на здружението Јадро (2012)... Член на УО на ФООМ (2002-2006).

Реализирани проекти

Лабрис (стрип на околу 900 страници, заедно со Александар Станковски, 1992-1996; околу 400 страници се објавени во 12 броеви на списанието Лифт, 1995-2000);

Сурогати (450 картички во чест на Марко Цепенков; заедно со 25 уметници, 2006);

Ширење на маргините (со здружението Контрапункт, 2002-2005);

Слевање на маргините (со здружението Контрапункт, 2006-2009; главна цел на двата проекта: „промоција и ширење на принципите на децентрализација, демократизација и демонополизација /3Д/ на полето на културата и културната политика")

Награди

Добитник на наградата „Борјан Таневски" за 2007 (за „најпроминентен колумнист на годината")

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица