Ореовец (Прилепско)

село во Општина Прилеп

Ореовец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Се наоѓа во северниот дел на општината, лево од патот Прилеп-Скопје.

Ореовец
Ореовец во рамките на Македонија
Ореовец
Местоположба на Ореовец во Македонија
Ореовец на карта

Карта

Координати 41°23′17″N 21°38′06″E / 41.38806° СГШ; 21.63500° ИГД / 41.38806; 21.63500
Општина Прилеп
Население23 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО20076
Надм. вис.780 м
Ореовец на општинската карта

Атарот на Ореовец во рамките на општината
Ореовец на Ризницата

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа источно од Прилепското Езеро, а 5 километри северозападно од Прилеп (воздушна линија), на висорамнина помеѓу три планини, како и на 1 километар од патот Прилеп - Скопје. Близу селото поминува Ореовечката Река која е една од притоките на Прилепска Река. Близу селото има повеќе помали пештери, од кои најголема и најпозната е Ореовечката до која има поставено повеќе знаци и маркери на карпите кои водат до неа. Селото е ридско, на надморска височина од 780 метри.

Историја

Подрачјето на Ореовец е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Пештерица на околу 2 км југозападно од селото.[2]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Раховец и имало 34 семејства и 3 вдовици.[3]

Во XIX век, Ореовец било наполно македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948424—    
1953406−4.2%
1961308−24.1%
1971172−44.2%
198144−74.4%
ГодинаНас.±%
199128−36.4%
199416−42.9%
200217+6.2%
202123+35.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ореовец живееле 505 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ореовец имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореовец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 57 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Ореовец е село со значителна емиграција на населението поради што тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 16 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ореовец живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население5054804244063081724428161723
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Ореовец е македонско православно село, во селото има староседелски родови и доселенички.

Родови во Ореовец се:

Староседелски родови: Стојановци (10 куќи), Симоновци (7 куќи), Брмбевци (4 куќи) и Зеленковци (4 куќи). Еден дел од Симоновци се викаат Ацевци, од кои се произлезени многу комити и партизани, борци за слободата на Македонија;

Доселеници: Богоевци (7 куќи), Пашовци (5 куќи), Гуцевци (4 куќи), Басмовци (2 куќи) и Ветаковци (2 куќи) доселени се, но не знаат од каде; Адамовци (9 куќи) доселени се од некое место во Албанија; Тапановци (8 куќи) доселени се од Дебарско.[13]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1424 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитсти

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Далов Гроб — некропола од римско време
  • Леково — депо на монети од римско време
  • Лозја — некропола од римско време
  • Ореовечка Река — населба од римско време
  • Пештерица — населба од неолитско и римско време
  • Црквиште — населба од доцноантичко време

Редовни настани

Ореовец е постојано одредиште на училишни екскурзии и кампувања особено во пролет и есен. Исто така е многу популарно одредиште за време на 2 мај.

Личности

  • Марко Цепенков најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците.
  • Петар Ацев, војвода од илинденскиот период
  • Мирче Ацев, војвода од илинденскиот период
  • Ѓорѓи Ацев, војвода од илинденскиот период
  • Мирче Ацев, македонски револуционер, Народен херој на Македонија, од втората светска војна, внук на илинденскиот војвода Мирче Ацев.
  • Вера Ацева - Доста, учесник во НОБ и народен херој.
  • Киро Ацески и Зора Ацеска - месни жители од 1892-1947 (поседувале 2 куќи од кои едната е сега рушевина а другата е вила, помогнале да се изгради локалната црква.)
  • Пере Јосифов Наумоски, македонски револуционер, илинденец.[16]
  • Никола Сотиров Василески, македонски револуционер, илинденец.[17]

Иселеништво

Преселувањето е извршено најмасовно во втората половина на XX век и тоа во правец кон Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица