Ортогоналност
Ортогоналност (уште и нормалност) – во алгебрата и геометријата претставува врска помеѓу два или повеќе објекти, и тие исполнуваат одредени услови. Во елементарната геометрија се вели дека двете прави во рамнината се меѓусебно ортогонални акко аголот меѓу нив е 90°.
Односот на нормалноста помеѓу два објекти -{a}- и -{b}- често се означува како:
Исто така:
- ортогонална база – база во векторскиот простор чиишто елементи се ортогонални.
- ортогонални вектори – два елемента на векторски простор се нарекуваат ортогонални кога нивниот скаларен производ е еднаков на 0.
- ортогонално дополнување – за даден вектор во векторски простор, ортогоналното дополнување е множеството на сите вектори кои се ортогонални на даден.
- ортогонални криви – се вели дека две криви се ортогонални, ако тангентите до нив во нивната точка на пресек се под прав агол.
- ортогонална матрица – квадратна матрица А за која транспонираната матрица АТ е еднаква на нејзината обратна А-1, што сепак значи дека ААТ = Е (E – единечната матрица).
- ортогонална проекција – точка се проектира ортогонално на права кога проекцијата е под прав агол на правата. При ортогоналното проектирање, проекцијата е најкратката отсечка од точката до правата.
- ортогонални функции – система на функции {f1, f2, f3, ...} што се интеграбилни во интервалот [a;b], така што скаларниот производ при m ≠ n.
Ортогонални вектори
Нека се дадат два вектора -{a = (a1, a2, ..., an)}- и -{b = (b1, b2, ..., bn)}- од -{Rn}-. Овие два вектора се ортогонални ако:
- -{ab = a1b1 + a2b2 + ... + anbn = 0}-
Поврзано
- Нормалност (математика)
- Ортонормалност
Литература
- Chapter 4 – Compactness and Orthogonality Архивирано на 13 јануари 2018 г. in The Art of Unix Programming
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица