Осумдесет и второ доделување на наградите Оскар

82. доделување на наградите на академијата, презентирано од американската Академија за филмски уметности и науки (АМПАС), ги призна најдобрите филмови од 2009, а се одржи на 7 март 2010 во Кодак театарот во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија започнувајќи во 17:30 PST/20:30 EST (01:30 UTC, 8 март). Церемонијата се одржа малку подоцна по вообичаеното одржување кон крајот на февруари за да избегне совпаѓање со Зимски олимписки игри 2010.[6] Во САД церемонијата се емитуваше на ABC. Глумците Алек Болдвин и Стив Мартин го водеа шоуто. Мартин по третпат, претходно водејќи ги 73. и 75. доделување, додека Болдвин го водеше за првпат. Ова е првото емитување кое има повеќе водители уште од 59. церемонија.[7] Како и да е, најавувачот Џина Татл го најави најголемиот дел од презентерите.

{{{title}}}
ДатумНедела, 7 март 2010
ВодителАлек Болдвин
Стив Мартин[1]
Продуцент(и)Бил Меканик
Адам Шенкмен[2]
Режисер(и)Хемиш Хамилтон[3]
Официјален веб-сајтКодак театар
Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија
Најистакнати
Најдобар филмНаредникот Џејмс
Најмногу наградиНаредникот Џејмс (6)
Најмногу номинацииАватар и Наредникот Џејмс (9)
Телевизиска покриеност
ТВ КаналABC
Времетраење3 часа, 37 минути[4]
Рејтинзи41.62 милион
24.75 (Nielsen ratings)[5]
← 81.
83. →

На 24 јуни 2009, претседателот на академијата Сид Генис на прес-конференција најави дека 82. церемонија ќе вклучи десет номинации за најдобар филм наместо пет,[8] обичај последен пат практикуван во 1943. На 20 февруари 2010 на церемонија во хотелот Беверли Вилшир во Беверли Хилс, Калифорнија, Оскарите за технички достигнувања беа презентирани од Елизабет Бенкс.[9]

Наредникот Џејмс освои шест награди, вкучувајќи ги тие за најдобар филм и најдобар режисер за Кетрин Бигелоу, првата жена што има освоено награда за најдобар режисер.[10] Други поважни добитници се Аватар со три награди, и Лудо срце, Скапоцена: Заснован на романот „Потурната“ од Сафир и Нагоре, со по две награди.

Номинации и победи

Номинираните за 82. доделување беа објавени во живо на 2 февруари 2010 во 5:38 PST (13:38 UTC) во Samuel Goldwyn Theater во Беверли Хилс, Калифорнија, од страна на Том Шерак, претседател на академијата, и глумицата Ен Хатавеј. Филмовите Аватар и Наредникот Џејмс имаат највеќе номинации, односно по девет номинации и двата. Победниците беа објавени за време на церемонијата на 7 март 2010.[11]

Оскар за животно дело

  • Лорен Бакол
  • Роџер Корман
  • Гордон Вилис

Мемориал награда Ирвинг Г. Талберг

  • Џон Кели

Главни номинации

Добитничка на Оскар за најдобар режисер.
Добитник на Оскар за најдобар глумец.
Добитник на Оскар за најдобра глумица.
Добитник на Оскар за најдобра глумец во споредна улога.
Добитничка на Оскар за најдобра глумица во споредна улога (десно).

|-

Најдобар ФилмНајдобр режисер
Најдобар глумец во главна улогаНајдобра глумица во главна улога
  • Сандра Булок – Слепата страна како Ли Ен Туој
    • Хелен Мирен – Последната станица како Софја Толстој
    • Кери Мулиген – Образование како Џени Милер
    • Габури Сидибе – Скапоцена: Заснован на романот „Потурната“ од Сафир како Клерис „Скапоцена“ Џонс
    • Мерил Стрип – Џули и Џулија како Џулија Чајлд
Најдобар глумец во споредна улогаНајдобра глумица во споредна улога
  • Кристоф Валц – Неславни копилиња како Хенс Ленда
    • Вуди Харелсон – Курирот како Капетан Тони Џонс
    • Кристофер Пламер – Последната станица како Лав Толстој
    • Стенли Тучи – Саканите коски како Џорџ Харви
    • Мет Дејмон – Непобедлив како Франсоа Пиенар
Најдобро оригинално сценариоНајдобро адаптирано сценарио
  • Скапоцена: Заснован на романот „Потурната“ од Сафир – Џефри Флечер од Потурната од Сафир
    • Област 9 – Неил Бломкемп и Тери Течел од Alive in Joburg од Бломкемп
    • Образование – Ник Хорнби од Образование од Лин Барбер
    • In the Loop – Џеси Армстронг, Сајмон Блеквел, Армандо Јанучи и Тони Рочи од The Thick of It создадено од Јанучи
    • Горе во воздухот – Џејсон Ритмен и Шелдон Тарнер од Горе во воздухот од Валтер Кирн
Најдобар анимиран филмНајдобар странски филм

Број на номинации

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица