Папа Бонифациј VIII

Бонифациј VIII (лат. Bonifatius PP. VIII; околу 1235 - 11 октомври 1303) — римски папа од 24 декември 1294 до 11 октомври 1303[1]. Водел политика на надмоќ на црковната над светската власт. Неуспешен во тоа, тој ја префрлил моќта на централизираните Франција и Англија. Добил неколку политички интриги поврзани со борбата за превласт во Германија. Посредството во француско-англиските односи се покажало како неуспешно. Подготвен за војна во скоро време, францускиот крал Филип IV Убавиот и англискиот Едвард I вовеле на своите страни налог за свештенство без согласност од страна на папата, што ја нарушило практиката од XIII век. Бонифациј возвратил со издавањето на булата Clericis laicos, во која им се заканил на светските владетели да не донесуваат налози за свештенството без дозвола од папата, под закана на одделување од црквата. Во 1302, тој ја издал булата Unam Sanctam, во која тој целосно ја изложил својата концепција за моќта на црквата над светската власт.

Bonifatius VIII
Родено имеБенедето Каетани
Папа од24 декември 1294
Папа до11 октомври 1303
ПретходникПапа Целестин V
НаследникПапа Бенедикт XI
Роденоколу 1235
Анањи, Италија
Починал11 октомври 1303
Рим
Други папи по име Бонифациј (појаснување)

Во септември 1303, Филип IV Убавиот го испратил Вилијам де Ногарет, кој бил жесток критичар на папата, да ја предводи делегацијата до Рим. Намерата била папата да се донесе пред францускиот совет, па макар и со употреба на сила, каде му било судено за обвинението од страна на францускиот крал. На 7 септември 1303, француските и италијанските војници го нападнале и уапсиле папата од неговиот роден град. Три дена подоцна папата бил ослободен. Папата Бонифациј VIII, кој тогаш имал 68 години бил силно вознемирен и умрел неколку седмици потоа.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица