Па Тат Луанг

Па Тат Луанг (лаоски: ວຽງຈັນ or ທາດຫຼວງ, „голема ступа“) е голема будистичка ступа која се наоѓа во Виентијан во Лаос.[1] Денес ступата е прекриена со златни плочи, а во текот на својата историја претпела неколку измени. Се верува дека со изградбата на ступата се започнало во 3 век. Општо гледано. ступата се смета за најзначаен културно-историски споменик во Лаос и еден од симболите на државата,[2] односно Па Тат Луанг е прикажан на националниот грб на Лаос.

Па Тат Луанг во Виентијан.

Историја

Па Тат Луанг во Виентијан.

Според месното лаоско население, Па Тат Луанг првично бил хиндуистички храм во 1 век. Бидистичките мисионери од Маурјанската Империја кои биле испратени од императорот Ашока, според традицијата, донесе свет реликт (коска од Буда) во ступата..[2] Подоцна, овој храм бил претворен во кмерски храм, кој по распадот на Кмерската Империја, се распаднал.

Во средината на 16 век кралот Сетатират го преместил главниот град на неговата империја од Луанг Пабанг во Виентијан и во 1566 година наредил повторна изградба на Па Тат Луанг.[3] Ступата била изградена на 34 км од центарот на Виентијан.[2] Основата има должина од 69 метри, висока 45 метри и и опколена од 30 мали ступи.[2]

Во 1828 година ступата била уништена за време на тајландската инвазија во Лаос. Ступата била многу оштетена и напуштена. Во 1900 година, кога во регионот навлегле француските колонијални сили го вратиле првобитниот изглед на ступата, врз основа на деталните цртежи од францускиот архитект Луи Делапор од 1867.[3] Сепак, првиот обид не бил успешен, па така ступата била редизајнирана и обновена повторно во 1930-те години.[3]

Галерија

Наводи

17°58′34.20″N 102°38′03.30″E / 17.9761667° СГШ; 102.6342500° ИГД / 17.9761667; 102.6342500

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица