Попоец

село во Општина Кичево

Попоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Попоец

Поглед на горниот дел од селото

Попоец во рамките на Македонија
Попоец
Местоположба на Попоец во Македонија
Попоец на карта

Карта

Координати 41°27′34″N 20°48′19″E / 41.45944° СГШ; 20.80528° ИГД / 41.45944; 20.80528
Регион Југозападен
Општина Кичево
ОбластКопачка
Население10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6261
Повик. бр.045
Шифра на КО12057
Надм. вис.882 м
Попоец на општинската карта

Атарот на Попоец во рамките на општината
Попоец на Ризницата

Географија и местоположба

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 920 метри.[2]

Селото се наоѓа под превојот Пресека (1.080 метри), а околни села се Малкоец и Иванчишта.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Краста, Пресека, Утово, Голак, Умалишта и други.[3]

Селото е од збиен тип. Се разликуваат повеќе маала, во кои се групирани родовските куќи.[3]

Селото Попоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на источните падини на Стогово. Оддалечено е 17,5 километри југозападно од Кичево.

Историја

Попоец се смета за едно од поновите села во Кичевската Котлина. По народното предание, Попоец е основано кога и соседното село Малкоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]

Основачот на Попоец има исто потекло како основачот на соседното село Малкоец, од сливот на Црн Дрим, негде од околината на Струга. По него било крстено и самото село, а од него потекнуваат сите денешни родови.[3]

Во XIX век, Попоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Сепак, на атарот на селото се наоѓаат остатоци од стари гробови и црквишта, што укажува дека во дамнината атарот бил населен.[3]

Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 594 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 85 хектари.[2]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948397—    
1953395−0.5%
1961375−5.1%
1971267−28.8%
1981123−53.9%
ГодинаНас.±%
199152−57.7%
199449−5.8%
200234−30.6%
202110−70.6%

Според податоците од 1873 година, селото имало 48 домаќинства со 185 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Попоец имало 410 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Попоец имало 400 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[8]

ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписмени
мажиженивкупномажиженивкупно
56163203299116215

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Попоец било средно по големина село, па преминало во мало село. Така, во 1961 година селото имало 375, а во 1994 година, само 49 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Попоец живееле 34 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население41040039739537526712352493410
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Селото Попоец е населено со Македонци христијани. По преданието селото не е многу старо, потекнува од крајот на XVIII век, кога во селото се населил некој поп по кого и го добило името селото. Попот дошол од некое село во Струшко. Сите денешни родови во селото потекнуваат од Попот.[3]

Родови во Попоец се: Божиновци, Павлевци, Костовци и Грујовци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Божиновци (15 к.), Костовци (13 к.), Павлевци (13 к.) и Грујовци (12 к.), сите потекнуваат од основачот на селото кој дошол од селото Клење во Голо Брдо и сите слават Свети Никола и Огнена Марија.[15]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Попоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Малкоец.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0776 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[20]
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
  • Црква „Св. Богородица“ — црква во месноста Старо Село.

Личности

Родени во Попоец

Иселеништво

Од селото имало иселување на населението. Родовите Ѓорѓиовци и Стефановци се иселиле во Долно Мелничани во долината на реката Радика. Родот Дојчиноски (1 к.) живеат во селото Слепче, во околината на Прилеп. Родот Велјаноски (1 к.) се иселил во Глогоњ, близу Панчево.[3]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица