Рогле

село во Општина Желино

Рогле — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 566 жители.

Рогле
Рогле во рамките на Македонија
Рогле
Местоположба на Рогле во Македонија
Рогле на карта

Карта

Координати 41°58′4″N 21°9′55″E / 41.96778° СГШ; 21.16528° ИГД / 41.96778; 21.16528
Општина Желино
Население532 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО28068
Надм. вис.747 м. м
Рогле на општинската карта

Атарот на Рогле во рамките на општината
Рогле на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора. Селото е во близина на селото Ново Село.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 135 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 42 куќи со 263 жители Албанци.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948292—    
1953293+0.3%
1961306+4.4%
1971377+23.2%
1981460+22.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994540—    
2002566+4.8%
2021532−6.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 566 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 532 жители, од кои 492 Албанци и 40 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население1352922933063774600540566532
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Рогле е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Качер (35 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од старото место се иселиле тројца браќа и нивниот внук. Од нив едниот брат со внукот се населил во Рогле. Вториот брат преку Рогле се населил во Бојане, а третиот во кумановското село Слупчане. Овде се доселиле пред 200 години.
  • Шкрете или Мемете (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Имаат изумрени домаќинства.
  • Цоке (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.[11]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2099 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 564 гласачи.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица