Роксана

Бактриска принцеза и жена на Александар Трети Македонски

Роксана (бактриски и персиски: Рошанак) — принцеза, ќерка на сатрапот на Бактрија (тогашна источна Персија, сегашен Авганистан). Родена е пред 343 п.н.е., но датумот на нејзиното раѓање не може со точност да се утврди.

Александар Македонски и Роксана
Свадбена церемонија на Александар Македонски и Роксана

Роксана е првата сопруга на Александар Македонски со која се оженил 327 п.н.е. Според мислењето на многумина немало некоја посебна политичка причина за женидбата на Александар со неа. Сепак има претпоставки дека најверојатно тој се оженил со неа со цел уште повеќе да ја обедини Македонија со Персија и народите кои живееле во неговото кралство, различни по раса, култура и начин на живот. После женидбата со Александар, Роксана го придружува Александар во неговите походи кон Индија.

По смртта на Александар, во Вавилон 323 п.н.е., Роксана ја убива втората жена на Александар, Статира II, како и нејзината сестра Дриптиз (според Плутарх) или Парисата II, третата жена на Александар. Набрзо го раѓа и синот на Александар Македонски, Александар IV.

Роксана и нејзиниот син биле под заштита на Олимпија, мајката на Александар. Но, после нејзиното убиство во 316 п.н.е. му овозможува на Касандар да ја побара кралската круна. Бидејќи Александар IV бил легитимен наследник на кралската круна, Касандар наредил 309 п.н.е. тој и Роксана да бидат убиени.

Чествување

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица