Роскилдски мировен договор

Роскилдски мировен договормеѓународен договор склучен на 8 март 1658 г.[1][2] во текот на Втората северна војна помеѓу данско-норвешкиот крал Фредерик III и шведскиот крал Карл X Густав во градот Роскилде, Данска. По катастрофалниот пораз, Данска-Норвешка била приморана да се откаже од речиси половина од своите територии. Со ова Шведска ги добила покраините Блекинге, Борнхолм, Бохуслен, Сканија и Тренделаг и Халанд.[2]

Со црвено: Халанд, кој дотогаш бил под шведска окупација во времетраење од 30 години (согласно Договорот од Бремсебру од 1645), сега станал постојан дел од Шведска. Со жолто: Сканија и Бохуслен исто така ѝ припаднале на Шведска. Со виолетово: Тренделаг и Борнхолм ѝ се отстапени на Шведска во 1658, но потоа се побуниле и во 1660 се вратиле во состав на Данска-Норвешка.
Мировната гозба во дворецот Фредериксборг по склучувањето на договорот

Одредби на договорот

Во договорот се поставени следниве услови:[3][4][5]

  • данската покраина Сканија веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
  • данската покраина Блекинге веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
  • данската покраина Халанд веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Халанд во тој момент бил под шведска окупација, која требала да трае 30 години согласно Договорот од Бремсебру од 1645.
  • данската покраина Борнхолм веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
  • норвешката покраина Бохуслен веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Со ова Шведска обезбедила непречена трговија на запад.
  • норвешкката покраина Тренделаг веднаш да ѝ се отстапи на Шведска (тогаш во нејзин состав биле Нурдмере и Румсдал).
  • Данска да се откаже од сите протившведски сојузништва.
  • Данска да го спречи минувањето на непријателски (кон Шведска) воени бродови и нивно навлегување во Балтикот преку протоците.
  • Враќање на поседите на Војводата од Холштајн-Готорп.[6]
  • Данска да ги подмири трошоците за шведската окупација.
  • Данска да учествува со војници во другите воени ангажмани на Карл X Густав.[7]

Последици

По склучувањето на договорот, Шведска го прекршила договорот продолжувајќи со походи во преостанатите делови на Данска-Норвешка, но морала да се повлече од данските острови и Тренделаг поради сојузот што Данско-Норвешка го слкучила со Холандија. Со Копенхашкиот мировен договор во 1660, Данска и Норвешка ги повратиле Борнхолм и Тренделаг, но останатите покраини останале во состав на Шведска.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица