Свети Кристофер-Невис-Ангвила

поранешна британска територија

Свети Кристофер-Невис-Ангвила (англиски: Saint Christopher-Nevis-Anguilla) — поранешна прекуокеанска територија на Обединетото Кралство која се наоѓала во Карипското Море. Во 1958 година оваа територија сочинувала една покраина на краткотрајната Западноиндиска Федерација. По падот на федерацијата регионот неколкупати се обидувал да се обедини во некоја друга унија.

Свети Кристофер-Невис-Ангвила
колонија

1958 – 1983
 

ЗнамеГрб
Химна
Боже, чувај го Кралот (службена)
О земјо на убавината! (Свети Кристофер и Невис)
Боже, чувај ја Ангвила (Ангвила)
Местоположба на Свети Кристофер-Невис-Ангвила
Местоположба на Свети Кристофер-Невис-Ангвила
Главен градБастер (ад. центар)
Чарлстаун (Невис),
Вели (Ангвила)
Јазицианглиски
Уредувањеуставна монархија
КралицаЧарлс III
Историја
 - Основана3 јануари 1958
 - Замрела19 септември 1983
Површина351 км²
ВалутаИсточнокарипски долар

Во 1967 година територијата Свети Кристофер-Невис-Ангвила се стекнала со целосна внатрешна автономија. Во 1971 година островот Ангвила жестоко барал одделување од територијата и набрзо се стекнал со такво отцепување. Во 1980 година отцепувањето и официјално било прифатено. Три години подоцна, Невис и Свети Кристофер се стекнале со независност од Британија и денес се обединето како Федерација Свети Кристофер и Невис. Ангвила и денес е британска прекуморска територија.

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица