Свиња

Свиња
Научна класификација
Царство:Животни (Animalia)
Колено:Хордати (Chordata)
Класа:Цицачи (Mammalia)
Ред:Artiodactyla
Семејство:Suidae
Род:Sus (свиња)
Linnaeus, 1758
видови

Sus barbatus  (брадеста свиња)
Sus bucculentus (изумрена)
Sus cebifrons
Sus celebensis
Sus falconeri
Sus heureni
Sus hysudricus (изумрена)
Sus philippensis[1]
Sus salvanius
Sus scrofa (дива свиња)
Sus strozzi (изумрена)
Sus timoriensis
Sus verrucosus

Свињата е род животно од семејството Suidae кое опфаќа 10 современи видови, како и еден припитомен подвид, домашна свиња.

Физички одлики

Свињите имаат подигната муцка, мали очи и мала опашка, што често е извиткана, но понекогаш и права. Имаат големи наслаги од сланина и кратки нозе. Секоја нога има по четири прста, од кои по два се значително поголеми од другите два и се користат за одење. Свињите маат 44 заби[2] при што песјаците им растат во текот на целиот живот, па често горните заби ги тријат од долните, за да ги трошат. Свињите имаат исклучително чувствително сетило за мирис. Затоа, во минатото тие често се користеле за пронаоѓање тартуфи, а и денес се користат за таа намена во некои европски земји. Бидејќи немаат потни жлезди, во текот на летото, кога има високи температури, свињите се разладуваат валкајќи се во вода или во кал. Тоа им помага и против изгореници, како и против муви и други паразити. Свињите се многу интелигентни и луѓето ширум светот ги чуваат и како домашни миленици.

Исхрана

Свињите се сештојади, што значи дека јадат храна и од растително и од животинско потекло. Тие ги јадат дури и посмртните остатоци од животните, а забележано е дека јадат и мртви инсекти, црви, струготини од дрво, ѓубре, па дури и остатоци од други свињи. Исто така, тие јадат и стаорци, глувци и помали глодачи. Во дивината, свињите најчесто јадат корења, трева, овошје, цвеќе и зеленчук. Во заробеништво, свињите понекогаш ги јадат и сопствените млади, обично кога се сериозно фрустрирани и под стрес.

Размножување

Женката свиња - маторица, може да се пари на возраст од 8-18 месеци, а машките свињи на 8-10 месечна возраст. Кога ќе се породи, свињата на свет носи 6 до 12 младенчиња, што се викаат прасиња.

Свињата како мотив во уметноста и популарната култура

Свињата како мотив во народното творештво

  • „Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.[3]
  • „Свињарот и маторицата“ - унгарска народна приказна.[4]
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[5]
  • „Кумот и неговата свиња“ (српски: Кум и његова прасица) - српска народна приказна.[6]

Свињата како мотив во книжевноста

Свињата како мотив во популарната музика

  • „Прасиња“ (англиски: Piggies) - песна на британската група Битлси од 1968 година.[13]
  • „Прасе од порцелан“ (англиски: China Pig) - песна на американската рок-група Captain Beefheart and his Magic Band од 1969 година.[14]
  • „Прасенце“ (англиски: Piggy) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
  • „Марш на прасињата“ (англиски: March Of The Pigs) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
  • „Вертикално прасе“ (англиски: Vertical Pig) - песна на британската група The Future Sound of London од 1994 година.[16]
  • „Прасиња во Зен“ (англиски: Pigs in Zen) - песна на американската рок-група Janes Addiction од 1987 година.[17]

Видови свињи

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица