Сеговија (покраина)

покраина во Шпанија

Сеговија (шпански: Segovia) — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон, средно-северна Шпанија. Се граничи со покраните Бургос на север, Сорија на североисток, Гвадалахара на исток, Мадрид на југ, Авила на запад и југозапад и Ваљадолид на северозапад. Главен град е Сеговија.

Сеговија
Segovia
покраина
Покраинската управа во Сеговија
Покраинската управа во Сеговија
Знаме на СеговијаГрб на Сеговија
Сеговија на картата на Шпанија
Сеговија на картата на Шпанија
ЗемјаШпанија
Автономни заеднициКастиља и Леон
Главен градСеговија
Површина
 • Вкупна6.920,65 км2 (267,208 ми2)
Население (2022)[1]
 • Вкупно153.803
 • Густина0,22/км2 (0,58/ми2)
Службен јазикшпански
Мреж. местоdipsegovia.es

Преглед

Во 2022 г. населението броело 153.803 жители[1], од кои една третина живеат во главниот град. Од вкупно 209 општини во покраината,[2] повеќе од половина се села со помалку од 200 жители.

Се смта дека името Сеговија е од келтиберско потекло, но исто така се смета дека произлегува од освојувањето на Кастиља од Визиготите, скандинавско / германско племе кое живеело на ова подрачје од IV до VI век.[3] Историското наследство на покраината е богато и разновидно. Во главниот град се наоѓа 800-метарскиот римски аквадукт, кој е од посебно значење. Целиот град е прогласен за светско наследство во 1985 г.[4] Селата Сепулведа, Ајљон, Педраса, Кока и Ла Гранха де Сан Илдефонсо привлекуваат голем број туристи.[4] Во Ла Гранха има државен споменик на културата — Кралскиот дворец. Во Ајљон е куќата на истакнатиот поет Антонио Мачадо.[4] Туризмот е една од главните стопански гранки. Од големо значење е и земјоделството. Најважни житарки во минатото биле пченицата, јачменот, ’ржта и оризот.[5] Во XVII век житното производство опаднало во многу места.[6] Развиено е и сточарството.[7]

Развој на населението

The historical population is given in the following chart:

Поврзано

  • Список на општини во Сеговија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица