Сенат на Соединетите Американски Држави

Сенатот на Соединетите американски држави (англиски: US Senate) е горниот дом на дводомниот Конгрес на САД, додека долниот дом е Претставничкиот дом.

Печат на Сенатот на САД
Салата за седници на Сенатот на САД во Капитолот.

Во Сенатот, членството е засновано на подеднаква застапеност на секоја од државите, независно од бројот на жители. Секоја сојузна држава на САД е претставена од двајца членови. Вкупниот број на престставници, кои се нарекуваат сенатори, е 100. Сенаторите имаат 6-годишен мандат, а се избираат по една третина од сенаторите на секои две години.

Сенатот се смета за покохезивно тело од Претставничкиот дом, бидејќи е многу помал и сенаторите служат подолг мандат - затоа се поколегијални, помалку партиски спротивставени, и помалку изложени на јавните притисоци отколку Претставниците. Сенатот има неколку ексклузивни одговорности, а најважни се дека е задолжен да ги ратификува меѓународните договори, да го потврдува назначувањето на јавни функции од страна на Претседателот на САД, да суди во случај на интерпелации за Претседателот, итн.

Покрај тоа, Сенатот и Претставничкиот дом работат заедно на донесувањето на нови закони: и обата дома мора да ги изгласаат за тие да станат полноважни.

Сенатот заседава во Капитолот на САД во главниот град Вашингтон, округ Колумбија.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица