Скагерак

Скагерак (Skagerrak) е проток помеѓу Норвешка и југозападниот брег на Шведска и полуостровот Јитланд во Данска. Оваа водна површина го поврзува Северното Море со мореузот Категат, кој води до Балтичкото Море.

Скагерак и Категат
Средината на Скагерак

Географија

Теснецот е долг 240 км и широк помеѓу 80 и 140 км. Кон норвешкиот брег се продлабочува, достигнувајќи 700 м во Норвешката Бразда. Поважни пристанишни места долж Скагерак се Осло и Кристијансанд во Норвешка и Удевала и Стремстад во Шведска.

Скагерак има соленост од 30 единици. Подрачјето што вдомува биомаса зафаќа 3.600 км2 и содржи разни видови на живеалишта - од песочните насипи во Шведска и Данска до длабоките води во Норвешката Бразда. Во теснецот живеат околу 2000 морски видови.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Скагерат ги има следниве граници:[1]

Историја

Во обете светски војни, Скагерак бил од големо стратешко значење за Германија. Во 1916, тука се одиграла една од најголемите поморски битки во Првата светска војна, наречена Битка кај Јитланд (или Скагерачка битка). Скагерак за Германија претставувал единствениот поморски пристап кон Балтикот, па затоа бил главна причина за инвазијата на Данска и Норвешка за време на Втората светска војна.Овие битки и престрелки довеле до големиот број на бродоломи во ова подрачје.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

57°50′50″N 9°04′23″E / 57.84722° СГШ; 9.07306° ИГД / 57.84722; 9.07306

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица