Сметководител (филм од 2016)

Сметководител (Англиски: The Accountant) — американски акционен трилер филм од 2016 година, режиран од Гавин О'Конор и напишан од Бил Дубјук. Во главните улоги се појавуваат Бен Афлек, Ана Кендрик, Џ. К. Симонс, Џон Бернтал, Џефри Тамбор и Џон Литгоу.

„Сметководител“
РежисерГавин О'Конор
СценаристБил Дубјук
Главни улоги
МузикаМарк Ајшам
КинематографијаШејмус Мекгарви
МонтажаРичард Пирсон
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера10 октомври 2016 (2016-10-10) (САД)
Времетраење128 минути[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$44 милиони[2]
Бруто заработка$154,2 милиони[2]

Филмот својата премиера ја имал во Лос Анџелес на 10 октомври 2016 година, и бил издаден во САД на 14 октомври 2016 година од Warner Bros. Pictures. Филмот добил мешани критики и остварил заработка од преку 154 милиони долари.

Содржина

Позади маската на навидум досадниот сметководител Крис Вулф (Бен Афлек), кој има високо функционален аутизам,[3] се крие едно сосема друго лице кое не е ни најмалку досадно. Тој работи за тешки криминалци и платени убијци. Крис е математички специјалист кој е повеќе склон кон бројки отколку кон луѓе. Додека работи како сметководител во мала канцеларија, тој истовремено истата работа ја работи и за најопасните светски криминални организации. Поради своите способности тој паднал во око на одделот за финансиски криминал при Министерството на финансии кој го води Реј Кинг (Џ. К. Симонс), но со текот на времето започнува да работи за компанија во која тамошната сметководителка (Ана Кендрик) открила финансиска злоупотреба која вклучува милиони долари. По книговодствената контрола, Крис полека ја разоткрива вистината.

Улоги

  • Бен Афлек како Кристијан „Крис“ Волф
    • Сет Ли како млад Крис
  • Ана Кендрик како Дана Камингс
  • Џ. К. Симонс како Рејмонд „Реј“ Кинг
  • Џон Бернтал како Брекстон „Брекс“ Волф
    • Џејк Присли како млад Брекс
  • Џефри Тамбор како Френсис Силверберг
  • Синтија Адаи-Робинсон како Мерибет Медина
  • Џон Литгоу како Ламар Блекбурн
  • Џин Смарт како Рита Блекбурн
  • Енди Умбергер како Ед Клинтон
  • Алисон Рајт како Џастин

Продукција

На 12 ноември 2014 година, списанието Варајети објавило дека Ана Кендрик била во рани разговори за да игра во филмот, покрај Афлек.[4] Подоцна тој ден, било објавено дека Џ. К. Симонс исто така започнал разговори за да биде дел од глумечката екипа.[5] На 14 ноември 2014 година, Џон Бертнал исто така бил во преговори.[6] На 6 јануари 2015 година, Варајети известило дека Синтија Адаи-Робинсон добила улога во филмот.[7] Една недела подоцна, Џефри Тамбор[8] и Џон Литгоу[9] исто така добиле улога. Литгоу претходно играл во филм поврзан со аутизам, и тоа во Тивок пад (1994).

Снимањето на филмот започнало на 19 јануари 2015 година во Атланта, Џорџија, САД.[10][11] Во периодот од 16–20 март 2015 година, снимањето се одвивало во Институтот за технологија во Џорџија.[12]

Издавање

Заработка

До 12 јануари 2017 годин, Сметководител остварил заработка од 86,2 милиони долари во САД и Канада и уште 64,1 милиони долари во други територии за вкупна заработка од 150,3 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетот од 44 милиони долари.[2]

Сметководител започнал да се прикажува заедно со филмовите Макс Стил и Кевин Харт: Што сега?, и се очекувало да заработи 20–25 милиони од 3332 кина во првиот викенд на прикажување, иако студиото проектирало првична заработка од 15 милиони долари.[13] Филмот остварил заработка од 1.35 милиони долари од ноќното прикажување на денот пред премиерата, повеќе од филмот Исчезната (1,2 милиони долари), во кој глумел Афлек. Филмот имал заработка од 9,1 милиони долари на првиот ден на прикажување и 24,7 милиони долари во првиот викенд, завршувајќи на првото место по големината на заработка.[14]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица