Сончев минимум

Сончев минимум — период на најмала активност на Сонцето во 11 годишниот сончев циклус. Во текот на овој период, активноста на сочевите дамки и сончевите ерупции се намалува. Сончевиот минимум просечно трае 12 месеци и е опишан од активноста на сочевите дамки, па така обично може да идентификува само по 6 месеци откако ќе се случи. Сончевиот минимум не е поврзан со промени во климата, но статии покажуваат врска со регионални временски шеми.

Три сончеви циклуси

Сончевиот минимум е спротивен на сончевиот максимум.

Сончев минимум и максимум

Сончевиот минимум и сончевиот максимум се две крајности на сончевиот циклус[1]. Кога е максимум, Сонцето е ишарано со сончеви дамки, избувнуваат сончеви ерупции и Сонцето исфрла милјардно тонски облаци од електризиран гас во вселената. Ова е погодно време за набљудувачите на поларните светлини, но не и за астронаутите кои треба да се пазат од радијационите бури. Последиците од сончевиот максимум се: прекин на електричната енергија, дефекти на сателитите, нарушување на комуникациите, дефект на приемник за ГПС итн.[2]

За време на сончевиот минимум има помалку сочеви дамки, а ерупциите се смируват. Понекогаш може да поминат неколку денови или недели без дамки. Побезбедно е да се патува во вселената, но е помалку интересно за набљудувачите на поларното небо.

Предвидување на циклусите на сончевиот минимум

Предвидување на сончева активност е многу тешко бидејќи активноста не е линиска појава[3]. Сончевиот минимум се одликува со период на најмала сончева активност, со малку сочеви дамки. Ова е најпогодното време за астроунаутите да ги извршуваат своите мисии затоа што има помалку сончево зрачење. Три научници од НАСА успеале подобро да ги предвидат сончевите циклуси користејќи едноставна функција со 4 параметри[4], што придонесува да се открие времетраењето на овие циклуси. Научниците од националниот центар за атмосферски истражувања создале компјутерски модел на сончевата динамика за попрецизни предвидувања и поголема доверба во прогнозите, врз основа на низа на тестови со новоразвиениот модел за симулирање на силата на изминатите осум сончеви циклуси со повеќе од 98 % точност[5]. Во ретроспектива предвидувата се покажале како неточни.[6]

Во 2008-2009 година научниците на НАСА забележале дека Сонцето е во процес на „длабок сончев минимум“ наведувајќи „Немаме забележано сончеви дамки во 266 од 366 денови(73%)“. Поттикнати од овие бројки, некои набљудувачи предложуваат дека сончевиот циклус го достигнал дното во 2008 година. Бројот на сончевите дамки во 2009 година се намалил уште повеќе. Од 14 септември 2009 година немаше сончени дамки во 206 од 257 денови (80%). Од тоа произлегува заклучокот „Ние доживуваме многу силен сончев минимум“ според физичарот за сончева динамика Дин Песнел од центарт Годард за летови во вселената. „Ова е најтивкото Сонце скоро во еден век“ се согласува експертот за сончеви дамки, Давид Хатавај, Маршаловиот центар за вселнски летови од НАСА. Тоа е природен дел од циклусот на сочевите дамки, откриен од германскиот астроном Хенрих Швабе во средината на XIX век[7]. „Временската Шема“ важи повеќе од 200 години[8].

Голем сончев минимум и максимум

Четиривековна историја на бројот на сончеви дамки

Големиот сончев минимум се случува кога сончевиот циклус покажува активност, помала од просечната во текот на неколку децении или векови. Сончевите циклуси сепак се случуваат во периодите на голем сончев минимум, но тие се со помал интензитет од просечниот. Големите сончеви минимуми покажуваат врска со промените на глобалната и регионалната клима.

Сончев минимум и приближни датуми
НастанПочетокКрај
Хомерички минимум [9]950BC800BC
Ортов минимум (Погледајте средновековен топол период)10401080
Средновековен максимум (Погледајте средновековен топол период)11001250
Волфов минимум12801350
Шпереров минимум14501550
Маундеров минимум16451715
Далтонов минимум17901820
Современ максимум1900денес

Големи минимуми на сончева активност се забележани во следниве години[10]: 690 н.е., 360 п.н.е., 770 п.н.е., 1390 п.н.е., 2860 п.н.е., 3340 п.н.е., 3500 п.н.е., 3630 п.н.е., 3940 п.н.е., 4230 п.н.е., 4330 п.н.е., 5260 п.н.е., 5460 п.н.е., 5620 п.н.е., 5710 п.н.е., 5990 п.н.е., 6220 п.н.е., 6400 п.н.е., 7040 п.н.е., 7310 п.н.е., 7520 п.н.е., 8220 п.н.е., 9170 п.н.е..

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица