Стјепан Антољак

Стјепан Антољак (Добој, 29 август 1909 - Загреб, 14 мај 1997 ) — хрватски научник, историчар, универзитетски професор и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 1979 година.[1][2]

Стјепан Антољак
Лични податоци
Роден(а)29 август 1909
Добој
Починал(а)14 мај 1997
Загреб
НационалностХрват
УстановаФилозофски факултет во Загреб

Животопис

Стјепан Антољак завршил историја на Филозофскиот факултет во Загреб во 1933 година и докторирал во 1935 година. На истиот факултет бил асистент-дневничар од 1934 до 1941 година, а по одбрана на докторската дисертација „Далмација и Венеција на племинарите во Леобен и мирот во Кампо Фарми“[2] станал асистент-приправник. Од 1941 до 1946 година, тој е доцент на Катедрата за национална историја. Од 1946 до 1952 година бил директор на Државниот архив во Задар, а од 1953 до 1956 година бил научен соработник на Државниот архив во Риека. Од 1956 до 1969 година бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (од 1965 до 1975 година хонорарно), во Приштина од 1963 до 1969 година и во Задар од 1969 до 1979 година. Од 1967 до 1971 година бил раководител на Одделението за античка и средновековна историја на Институтот за национална историја во Скопје. Во 1979 година станал член на МАНУ надвор од работниот состав. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал историја на народите на Југославија (среден век) и Помошни историски науки. Дал голем придонес во проучувањето на македонското средновековје (Склавините, богомилството и др.). Посебно внимание посветил на проучувањето на македонската средновековна држава (969–1018) и придонел за расветлување на повеќе прашања во врска со нејзиното создавање и егзистирање. Автор е на голем број монографии, научни и стручни трудови.[1][2]

Дела

  • Избор за историјата на ФНРЈ за среден век (Скопје, 1962)
  • Помошни историски науки (Скопје, 1966).
  • Самуиловата држава (Скопје, Институт за национална историја, 1969)
  • Pregled hrvatske poviesti (1942., 1944., prošireno izdanje 1994. u suradnji s drugim autorima)
  • Bune pučana i seljaka u Hrvatskoj (1956)
  • »Pacta« ili »Concordia« od 1102 godine (1980)
  • Средновековна Македонија, Том први (1985)
  • Hrvatska historiografija do 1918 I—II (1992)
  • Hrvati u prošlosti. Izabrani radovi (1992)
  • Renesansa hrvatske historiografije: dosadašnje, sadašnje i buduće zadaće (1996)
  • Hrvatska historiografija (2004)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица