Сувенир

Сувенир (француски: souvenir) е предмет кој се купува на патување за спомен[1] на одреден  настан, место или лице. Сувенирите треба да носат посебна ознака за туристичките одредишта од каде што потекнуваат, автентичност и лесна препознатливост, како и да даваат една поширока слика за земјата, регионот или местото од каде потекнуваат. Бидејќи сувенирот е вистински доказ за таа средина, значи дека треба да е во неа произведен.[2]

Сувенири од Јукатан, Мексико
Продавница за сувенири во Мостар

Основни одлики

Цел на патувањето не е купување на сувенир, но помага што подолго да останат во сеќавање пријатните доживувања од тоа патување. Сувенирот  треба да биде:

  • со релативно мала големина (лесен за пренесување)
  • погоден за масовно производство
  • особено естетски изработен
  • релативно евтин

Предметите што служат како сувенири

  • Разгледница
  • храна и пијалаци типични за посета на крајот, во точно пакување, во мала амбалажа: ракија или вино, тегла мед, компоти, џемови или слатка
  • најчесто купувани сувенири се: маици, капи, шапки, пенкала, пепељари, запалки, приврзоци, календари, обележувачи на страници, со име или слика на местото или настанот
  • во современи сувенири спаѓаат: CD, DVD презентации, видео материјали, книги, брошури, монографии, графики, поштенски марки, магнети за фрижидери
  • предмети од занаетчии, како: делови од народни носии или кукли во народни носии, музички инструменти или нивни минијатури
  • индустриски производи, особено кога процесот на производство е карактеристичен за одреден регион[3]
  • предмети кои биле користени порано или денес се користат во домашна употреба: престилки, дрвено лажиче, даска за сечкање, крпи за кујна, чаши, шољи, подметачи за чаша, бокали, декоративни чинии.
  • реплика на културни и историски споменици, скулптури, објекти кои го претставуваат симбол на посетените места[4]
  • музејски сувенири и сувенири од други посетени културни институции, како што се библиотеките, можат да бидат копии на она што се чува во таквите институции[5][6]

Значење на сувенирите

Сувенирите имаат функција на задоволување на туристичките потреби, што влијае врз зголемувањето на туристичката потрошувачка и може да претставуваат значаен извор на приход за месните жители.

Штетни сувенири

Сувенирите се штетни доколу туристите однест културно или природно богатство, ретки и загрозени животни, растенија, а понекогаш и „само“ одредени камења. Некои држави даваат високи казни за лов или намалување на заштитените типови, за тоа ги известуваат јавните медиуми, односно ги советуваат туристите да не купуваат или не земаат такви подароци, дури и кога не се работи за загрозени видови, со цел да се зачува природата, биоразновидноста или културното богатство.[7][8]

Освен тоа некои сувенири, сами по себе, можат да бидат штетни, особено кога посетителите немаат доволно информации за она што сакаат да го земат со себе.[9][10][11]

Литература

  • Иван Клајн, Милан Шипка (2008). Велики речник страних речи и израза (четврто. изд.). Нови Сад: Прометеј. стр. 593, 1498. ISBN 978-86-515-0311-8.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица