Талат Џафери

македонски политичар

Талат Џафери (албански: Talat Xhaferi; Форино, Гостиварско, 15 април 1962) — македонски политичар, поранешен министер за одбрана, поранешен претседател на Собранието на Македонија и тековен претседател на 34. техничка влада на Македонија.

Талат Џафери
Премиер на Република Македонија
На должноста
Стапил
28 јануари 2024
ПретседателСтево Пендаровски
ПретходникДимитар Ковачевски
Наследниктековен
Претседател на Собранието на Македонија
На должноста
27 април 2017 – 28 јануари 2024
ПретседателЃорѓе Иванов
ПретходникТрајко Вељаноски
НаследникЈован Митрески
Министер за одбрана
На должноста
18 февруари 2013 – 19 јуни 2014
ПретседателЃорге Иванов
ПремиерНикола Груевски
ПретходникФатмир Бесими
НаследникЗоран Јолевски
Лични податоци
Роден(а)15 април 1962
Форино, Гостиварско
НационалностАлбанец
ПартијаДУИ
Деца2
Вероисповедислам
Воена служба
ПрекарКомандант Форина
Припадност ЈНА
АРМ
ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Животопис

Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената академија на Копнена војска на ЈНА — насока Пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. За време на Воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во Тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен Масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово.[1] Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.[2] Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со Упад во Собраниската зграда.[3] Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.[4]

Функции

  • 2017 – 2024 - претседател на Собранието на Македонија
  • 2014 – 2016 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2013 – 2014 - министер за одбрана на Македонија
  • 2011 – 2013 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2008 – 2011 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 2004 – 2006 - заменик на министерот за одбрана на Македонија
  • 2002 – 2004 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
  • 1992 – 2001 - офицер во АРМ
  • 1985 – 1991 - офицер во ЈНА

Наводи

Политички функции
Претходник
Фатмир Бесими
Министер за одбрана
2013–2014
Наследник
Зоран Јолевски
Претходник
Трајко Вељаноски
Претседател на Собранието на Македонија
2017-2024
Наследник
Јован Митрески
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица