Тарашкевица

Тарашкиевица или Белоруски класичен правопис[1][2][3] (белоруски: тарашкевіца, клясычны правапіс[4][5][6]) е правописна варијанта на белорускиот јазик, која е заснована на современиот белоруски јазик. Оваа прва стандардизирана форма на јазикот била направена од Бранислав Тарашкиевич во 1918 година и била во официјална употреба во Белорусија сè до белоруската правописна реформа од 1933 година.[7][8][9][10][11][12][13][14][15][16] Од 1933, Тарашкиевицата била неформално користена во Белорусија и од белоруската дијаспора. Во потесна смисла на зборот, Тарашкиевицата се смета за јазична норма.[17][18]

Корица на „Белоруска граматика за училиште“ од Б. Тарашкиевич.
Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Името потекнува од презимето на Бранслав Тарашкиевич и се користи за да се истакне сличноста со работата на Тарашкиевич и се претпоставува дека овој поим се појавил пред Втората светска војна.[10] Во 1994 година била воведена друга терминологија, класичен правопис, од страна на Винцик Вјачорка, кој е промотор и автор на современата кодификација на тарашкиевицата.[19] Во 2005 година со објавувањето на „Белорускиот класичен правопис“, современата кодификација на нормата била направена. Во 2007 година тарашкиевицата добила свој интернет код, tarask, односно целосниот код be-tarask.[20]

Правописни разлики

официјален правопистарашкиевица
азбука
азбуката од 1918азбуката од 1918 година, но во 2005 година се вовела уште една бука, буквата ґ, кој го претставува гласот [ɡ].
асимилирање на омекнувањето на согласки
правописна форма не го означува омекнувањето.
пр. снег, з’ява, дзве.
омекнувањето се врши со употреба на мек знак.
пр. сьнег, зьява, дзьве.
фонетски правопис
општо гледано е ограничен на неакцентирани самогласки.
пр. стагоддзе, не толькі, тэатр.
широко распространет
пр. стагодзьдзе, ня толькі, тэатар.
транслитерација на странски имиња и зборови
слоговите [la], [lo], [lu]
најмногу се транслитерираат со употреба на тврдиот глас [l].
пр. план, логіка, Платон, клон, дысплей.

Во 1993 година научниците од Институтот за лингвистика го нарекле овој стандард како влијание од „Големите сили“, односно дека тоа е одлика на рускиот правопис.

Овие се транслитерираат со употреба на мек глас [lʲ] во зборови од западноевропско потекло освен за англиски зборови каде се користи тврдиот глас [l]. Кај зборови позајмени од останати јазици, зборовите се транслитерираат според тоа кој глас, мек или тврд, се користи во оригиналниот јазик.
пр. плян, лёгіка, Плятон, клон, дысплэй

Фонетската традиција се развила со весникот Наша ніва.

Авторите на академските проекти од 1930 и 1933 предложиле да се задржи оваа норма.

Транслитерација на средноевропското [l] со [lʲ] била стандардна форма во старобелорускиот (пр. люнатык, лабиринт, капаланъ, каппеллѧ), како и во белорускиот јазик од 19 век (пр. ляўр(ы), кляс(а)). Транслитерација на арапското [l] со [lʲ] било стандардно за старобелорускиот во 17 век (пр. корабеля).

Според Е. Потехина, денес е тешко да се каже со сигурност дали таквиот изговор бил широко распространет.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица