Прејди на содржината

Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин
ШтабСкопје, Република Македонија
ИдеологијаРадикална десница
Конзервативизам
Национализам
Боицрвена и жолта
Знаме
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Татковинска македонска организација за радикална обнова — Вардар, Егеј, Пирин-Преспа (ТМОРО-ВЕП) — македонска политичка партија со десна и национална ориентација. Името на партијата упатува на историската македонска револуционерна организација - ТМОРО.

Изборното собрание партијата го одржала на 27 октомври 2007 година, на коешто за претседател на партијата е избран Страшо Ангеловски, долгогодишен претседател на поранешната МААК — Конзервативна партија.

Програмски заложбиуреди извор

Во своите програмски документи ТМОРО-ВЕП се заложува за ревизија на вештачките граници меѓу Република Македонија и поробените делови на македонската држава. Односно, главните цели на партијата се враќање на статусот на Република Македонија како национална држава на македонскиот народ и ревизија на Букурешкиот мировен договор т.е. обединување на Македонија. Според манифестот на партијата, единствената можна иднина на македонскиот народ е преку обидот за создавање на Обединета Македонија како македонска национална држава, што треба да биде крајна цел на македонската национална стратегија, по создавањето на правна, економски развиена и стабилна Република Македонија.

Изборни резултатиуреди извор

За првпат ТМОРО-ВЕП учествува на парламентарните избори 2006 година, при што во сите шест изборни единици кога освоила само 744 гласови или 0,08 % од вкупниот број гласови.

На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ТМОРО-ВЕП освои 4.319 гласови или 0,44 % од вкупниот број важечки гласови.

На локалните избори 2009 година ТМОРО-ВЕП настапи во коалиција со ВМРО-Демократска партија. За советничките листи на оваа коалиција гласаа 15.147 избирачи, а коалицијата доби 12 советнички места.[1]

На парламентарните избори 2011 година ТМОРО-ВЕП настапи како дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија