27 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

27 октомври — 300-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(301-и во престапна година). Остануваат 65 денови до крајот на годината.

Настани:

710 Сарацените извршиле инвазија во Сардинија.
1275 Основан градот Амстердам.
1524 Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија.
1644 Започнала Втората њуберска војна.
1787 Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија.
1806 По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин.
1807 Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија.
1920 Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.
1922 Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка.
1924 Создадена Узбечката ССР.
1947 Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
1969 Бања Лука била погодена од голем земјотрес.
1971 Демократска Република Конго била преименувана во Заир.
1979 Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство.
1978 Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир.
1991 Туркменистан ја објавил својата независност.
1991 Во Полска биле спроведени првите демократски избори.
1998 Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол.
1999 Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена.

Родени:

1272 Вацлав II — крал на Чешка и Полска.
1728 Џемс Кук — англиски морепловец и истражувач.
1759 Ференц Казинци — унгарски поет.
1782 Николо Паганинииталијански виртуоз на виолина и композитор.
1858 Теодор Рузвелтпретседател на САД.
1885 Владимир Чоровиќ — српски историчар.
1892 Грасилијано Рамос — бразилски писател.
1898 Димче Зографски — македонски револуционер и општествено-политички работник.
1920 Стефан Наумов - Стивнароден херој на Македонија.
1923 Рој Лихтенштајн — американски сликар.
1928 Мирослав Филип — чешки шахист.
1932 Силвија Плат — американска поетеса и писателка.
1939 Џон Клиз — британски комичар и глумец, еден од основачите на дружината „Монти Пајтон“.
1952 Роберто Бенињи — италијански глумец, комичар и режисер.
1952 Френсис Фукујама — американски филозоф, политичко-економски аналитичар и автор.
1957 Глен Ходл — англиски фудбалер.
1958 Сајмон Ле Бон — британски поп-музичар, пејач на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1970 Сергеј Филин — руски балетан.
1972 Марија Мутола — атлетичарка од Мозамбик.
1975 Предраг Дробњак — црногорски кошаркар.
1979 Ивица Илиев — српски фудбалер.
1980 Бартош Хузарски — полски велосипедист.
1981 Волкан Демирел — турски фудбалски голман.
1984 Даниел Субашиќ — хрватски фудбалски голман.
1992 Стефан Ел Шарави — италијански фудбалер.
1994 Курт Зума — француски фудбалер.
1994 Огњен Добриќ — српски кошаркар.
1998 Дајо Упамекано — француски фудбалер.

Починале:

1449 Улуг Бег — тимуридски монголски владетел, математичар и астроном.
1505 Иван III Василевич — кнез на Московското Кнежевство и „Голем кнез на сите Руси“ .
1605 Акбар Велики — цар на Индија.
1949 Марсел Сердан — светски првак во бокс.
1949 Франтишек Халас — чешки поет и есеист.
1949 Анте Тресиќ-Павичиќ — хрватски писател и политичар.
1974 Сејмур Харис — американски економист.
1990 Жак Деми — француски режисер.
1990 Уго Тањацииталијански глумец.
1992 Дејвид Бом — американски физичар.
1993 Винсент Прајс — американски глумец.
1995 Слободан Селениќ — српски писател.
2009 Миле Попоски — македонски писател, сценарист и преведувач.
2010 Нестор Киршнер — претседател на Аргентина (р. 1950)
2013 Лу Рид — американски рок музичар, член на групата „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground).


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица