Територија

Во меѓународната политика, a територија (од лат. territorium = простор, подрачје[1]) e несуверена географска област што е под власт на друга управа (влада) и/или нема право на самоуправа како редовните административни единици.

Видови на административни и/или политички територии:

На пример, Американска Самоа, Гуам и Порторико се територии под управа на САД со различен степен на автономија. Similarly, with regard to the покраините и териториите на Канада, главната разлика помеѓу покраините и териториите се состои во тоа што федералната влада има понепосредна контрола врз териториите, додека покраините имаат свои влади ополномоштени според уставот. Истата разлика може да се забележи и кај државите и териториите на Австралија. Поранешната британска крунска колонија Хонгконг која подоцна станала зависна британска територија (денешен израз: „прекуморска територија“) поради Законот за британската националност од 1981 г. се нарекувала „територија“ сè до нејзиното преземање од страна на Кина, т.е. со со престанок на британскиот суверенитет во Хонгконг.

  • Окупирана територија, во регион воено запоседнат од странска земја без притоа да го припои кон себе. Примери за окупирана територија се Македонија окупирана од Царството Бугарија за време на Втората светска војна, Кувајт по краткотрајниот напад од Ирак во 1990, Ирак по американската инвазија во 2003, Авганистан од советска контрола (1979-1989) и Косово по 1999.
  • Спорна територија, што е географско подрачје на кое полагаат право две или повеќе спротивставени влади. На пример, нс територијата Кашмир полага право и Индија и Пакистан.
  • Локална управна единица. Подрачјето на Советот на Четемски Острови се нарекува „Територија на Четемските Острови“, иако правно гледано е составен дел од Нов Зеланд.
  • Дел од Антарктикот што припаѓа на некоја земја.
  • 14 прекуморски територии и 3 крунски поседи на Обединетото Кралство
  • Хонгконг и Макао кои се специјални административни региони на НР Кина.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица