Тодорче Николовски (глумец)

Тодор Николовски - Тодорче (роден на 16 јануари 1898 во Велес - починал на 29 јануари 1999 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Тодорче Николовски
Роден16 јануари 1898
Велес, Македонија Македонија
Починал29 јануари 1999(1999-01-29) (возр. 101)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Познатпо улогата во:
Мис Стон
Мементо
Време, живот
Чорбаџи Теодос
Бог да ги убие шпионите
Илинден
Македонскиот дел од пеколот
Јагне на ражен
Сомнително лице
Занимањеглумец

Животопис

Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжил да работи во театарот, додека во 1944 година заминал во Горно Врановци каде се вклучил во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер.[1]

Во 1947 година настапил на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар бил од 1945 сè до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапил во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба. Неговите последни улоги ги игра на 91 годишна возраст во филмовите Бог да ги убие шпионите и Македонска сага.

По повод 45 годишната континуирана актерска дејност, ја добива наградата за животно дело 11-ти октомври. Во 1988 година, ја добива наградата за животно дело "Војдан Чернодрински".

Филмографија

Николовски има остварено бројни филмски улоги:[2]

ГодинаФилмУлога
1949Мајка Катина ТВ-филм
1952Фросина ТВ-филм
1955Молчја ноќ ТВ-филмПоручникот
1958Мис Стон ТВ-филмИван
1961Мирно лето ТВ-филм
1962Обрачун ТВ-филм
1964Под исто небо ТВ-филм
1966До победата и по неа ТВ-филм
1967Мементо ТВ-филмТаткото на Јана
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм
1968Брат доктор Хомер ТВ-филм
1969Републиката во пламен ТВ-филм
1969Антица ТВ-филм
1970Крепост ТВ-филм
1970Балада за орканата ТВ-филм
1971Понижени и навредени ТВ-филм
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971Делба ТВ-филм
1971Црно семе ТВ-филм
1972Тапакерата ТВ-филм
1973Залез зад езерска земја ТВ-филмПетар
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Прва вечер ТВ-филмБожин
1976Најдолгиот пат ТВ-филм
1976Денес треба нешто да се случи ТВ-филм
1976Хихирику
1977Нели ти реков ТВ-филм
1978Златни години ТВ-серијаДоне
1978Белиот ѕид ТВ-филм
1979Хихирику ТВ-серија
1979Курирот на Гоце ТВ-серијаБакалот Тоде
1979Наши години ТВ-серијаСтарецот
1980Учителот ТВ-филм
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаСтавре
1982Јагне на ражен ТВ-филмСеланец
1982Јавачи на ветрот ТВ-филм
1984Јуначко колено ТВ-серија
1984Хихирику - 5 години ТВ-филм
1984Нели ти реков ТВ-филм
1984Исчекување ТВ-филмДедото
1985Сомнително лице ТВ-филмЖика
1985Јазол ТВ-филм
1986-1988Македонски народни приказни ТВ-серија
1987Случки од животот ТВ-серија
1987Трето доба ТВ-серијаАцо
1987Чорбаџи Теодос ТВ-филмТеодос
1988Скопски сновиденија ТВ-филм
1988ТВ Театар ТВ-серија
1989Кога меракот пее ТВ-серија
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаДедото
1990-1991ДО РЕ МИ ТВ-серијаТомислав
1992Време, живот ТВ-филмАцо
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмГојчин Левата
1993Македонска сага ТВ-филмДедото на Џемиле

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица