Тона

метричка единица за маса

Тонa (наречена и тон; симб. т, t) е единица за маса од метричкиот систем еднаква на 1000 килограми или 1 мегаграм (1 Мг).[1] Единицата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со нетовите единици.[2][3]Во САД има назив „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона.[4]

Во други единици

Една тона е еднаков на:

  • еден мегаграм (по дефиниција);
    • мегаграмот, (Мг, Mg) е службен поим на SI, но ретко наоѓа употреба; друг недостаток е тоа што симболот Мг е мошне сличен на симболот за милиграм, „мг“ (mg)
  • 10000,453 592 37 фунти (точно, согласно дефиницијата на фунтата),[5]
    • прибл. 2.205 фунти (lb)
  • 98,42% од долгата тона
    • еден долг тон (2.240 lb) е 101,605% од тоната
  • 110,23% од кратката тона
    • еден кратка тона (2.000 lb) е 90,72% of од тоната

Изведени единици

Во општа употреба, големите маси се изразуваат во милиони тони. Единиците килотон, мегатон и гигатон во практика се однесуваат на енергијата што ја ослободуваат големи експлозии како атомското оружје и високоенергетски природни појави. Како такви, тие се само приближни заокружувања.

ТониГрамови
КратноНазивСимболКратноНазивСимбол
100тонат / t106мегаграмМг / Mg
103килотонкт / kt109гигаграмГг / Gg
106мегатонМт / Mt1012тераграмТг / Tg
109гигатонГт / Gt1015петаграмПг / Pg
1012тератонТт / Tt1018ексаграмЕг / Eg
1015петатонПт / Pt1021зетаграмЗг / Zg
1018ексатонЕт / Et1024јотаграмЈг / Yg

Изразување на енергија преку масата

Изразот „тони тринитротолуол (ТНТ)“ се користи како посреден начин на изразување на големи количества на ослободена енергија. Во употреба се претставките: „кило-“, „мега-“ и „гига-“, особено кога станува збор за енергијата што ја оддава атомското оружје, врз основа на согорливата енергија на ТНТ 4.2 МЏ/кг (или една термомеханичка калорија на милиграм). Оттука, 1 килотон ТНТ = 4,2 ТЏ, 1 Мт ТНТ = 4,2 ПЏ.

Единицата за енергија во системот SI e џулот (Џ, Ј). Ако една експлозија на ТНТ оддава 1.000 мали (термохемиски) калории на грам (4,2 kJ/гр.), еден тон ТНТ би оддал 4,2 гигаџули.

Поврзано

  • Тонажа - носивост на бродовите
  • Тон (боја)
  • Тон (лингвистика)
  • Тон (звук)
  • Бруто-регистарски тон
  • Величински редови (маса)

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица