Тошио Сузуки

Тошио Сузуки (鈴木 敏夫, Сузуки Тошио, роден на 19 август 1948) — јапонски филмски продуцент на аниме филмови и соосновач на Студио Гибли. Во 2005 година станува претседател на студиото Гибли, но во 2008 година го напушта тоа место. Пред да стане продуцент на студиото Сузуки работи како уредник на списанието Animage во издавачката компанија Токума Шотен.

Тошио Сузуки
Сузуки во Венеција на премиера на Подвижниот замок на Хоул во 2004
Роден19 август 1948(1948-08-19)(75 г.)
Нагоја, Јапонија
Занимањепродуцент
уредник на списанија

Сузуки е познат како еден од најуспешните продуценти во Јапонија заради огромните успеси на јапонската театрална каса постигнати со филмовите на студиото Гибли. Хајао Мијазаки вели дека „кога би го немало Г-дин Сузуки би го немало ни Студио Гибли“.

Сузуки дипломира од одделот за литература на универзитетот Кеико.

Филмографија

Продуцент

  • Porco Rosso - (紅の豚 Kurenai no Buta), 1992
  • Ocean Waves, 1993
  • Пом Поко, 1994
  • Принцезата Мононоке — (もののけ姫 Mononoke Hime), 1997
  • Моите соседи Јамада, 1999
  • Shiki-Jitsu, 2000, Studio Kajino
  • Патување со душите — (千と千尋の神隠し Sen to Chihiro no Kamikakushi), 2001
  • Metropolis, 2001, Madhouse
  • Враќањето на мачката, 2002
  • Подвижниот замок на Хоул — (ハウルの動く城 Hauru no Ugoku Shiro), 2004
  • Innocence: Ghost in the Shell, 2004, Production I.G
  • Tales from Earthsea, 2006
  • Поњо, 2008
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица