Трајко Прокопиев

Трајко Прокопиев (Куманово, 6 ноември 1909 - Белград, 21 јануари 1979) — македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.[1]

Трајко Прокопиев
Животописни податоци
Роден(а)6 ноември 1909
Куманово, Отоманско Царство
ПотеклоМакедонија Македонија
Починал(а)21 јануари 1979
Белград, СР Србија, Југославија
Занимањакомпозитор
диригент

Во негова чест е наречена наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело на македонските композитори.

Животопис

Прокопиев е роден во Куманово во 1909 г. Во 1934 г. завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на хорското друштво „Мокрањац“ и како учител во истоименото музичко училиште во Скопје. Потоа накратко работи како диригент во Лесковац, па заминува за Сараево, каде раководи со српското хорско друштво „Слога“. По Втората светска војна е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.

Со цел да го продолжи своето музичко образование, во 1946 г. заминува на Прашкиот конзерваториум, каде учи една година диригентство кај професорот Павел Дједечек. По завршувањето развива голема активност како шеф на Музичкиот оддел на Радио Скопје, работи како диригент на Симфонискиот оркестар, на Скопската опера и како директор на фолклорниот ансамбл „Танец“. Во тој период се истакнува и како автор на филмска музика, дебитирајќи во 1948 г. со музика за документарецот „Илинден 1948“.

Починува во Белград во 1979 г.

Дела

Сцена од балетот „Лабин и Дојрана

Балети

Опери

  • „Кузман Капидан“
  • „Разделба“

Филмска музика

  • 1948 „Илинден 1948“
  • 1951 „Културен живот во Македонија“
  • 1952 „Бели мугри“
  • 1952 „Фросина
  • 1953 „Мугри во полињата“
  • 1953 „Приказна за човекот и овците“
  • 1954 „Илинден 1903“
  • 1954 „Охрид“
  • 1955 „Волча ноќ
  • 1955 „Комитска легенда“
  • 1957 „Подарок од веселиот молер“
  • 1971 „Жед

Музика во документарци

  • 1956 „Птиците доаѓаат„ (диригент)
  • 1961 „Градот на Вардар“ (диригент)

Награди

  • 1977 „Сојузна награда АВНОЈ“ за придонес во македонската кинематографија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица