Трка околу Баскија 2016

издание 2016 година на велосипедската трка Трка околу Баскија
Трка околу Баскија 2016
Детали за трката
Издание56. Трка околу Баскија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2016 2.UWT
Етапи6
Датуми4 – 9 април
Растојание852,3 км
ДржаваESP Шпанија
ПоаѓалиштеЕчебарија
ОдредиштеЕјбар
Екипи20
Возачи на почеток158
Возачи на крај97
Просечна брзина37,452 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникESP Алберто Контадор (Тинкоф)
ВторопласиранCOL Серхио Енао (Инеос Гренадиерс)
ТретопласиранCOL Наиро Кинтана (Мовистар)
БодовенCOL Серхио Енао (Инеос Гренадиерс)
ПланинскиITA Диего Роза (Астана Казахстан Тим)
СпринтерскиFRA Никола Еде (Кофидис)
МладинскиUSA Лосон Кредок (ЕФ Едукејшн-ИзиПост)
ЕкипенGBR Инеос Гренадиерс
◀20152017▶
Документација

Трка околу Баскија 2016 (шпански: Vuelta al Pais Vasco, баскиски: Euskal Herriko itzulia) — 56. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија, која се одржала во Баскија помеѓу 4 и 9 април 2016 година. Претставувала деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката се одржала на планински терен и била подобна за искачувачи. Првите пет етапи биле плански, додека шестата завршна етапа била ридски поединечен хронометар. Бранител на титулата бил Хоаким Родригес (Катјуша), додека Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Алберто Контадор (Тинкоф) и Серхио Енао (Тим Скај) исто така биле помеѓу фаворитите за победа.

Луис Леон Санчес ја освоил воведната етапа, но го загубил водството следниот дел од првата завршница на нагорнина од Микел Ланда (Скај). Ланда го загубил водството на четвртата етапа, кога Вилко Келдерман (Лото НЛ-Џамбо) го презел водството. На втората завршница на нагорнина на трката на претпоследниот ден, Енао го презел водството откако му избегал на Контадор. Потоа, Контадор го освоил хронометарот на последната етапа и го поразил Енао за целосна победа за 12 секунди, додека Кинтана задоцнил уште 23 секунди, со што го зазел третото место. Енао го освоил бодовниот пласман, додека Никола Еде (Кофидис) го освоил спринтерскиот пласман, а Диего Роза (Астана) планинскиот пласман.

Рута

Рутата на Трката околу Баскија 2016 била главно планинска, без ниедна етапа подобна за спринтери. Првата етапа вклучувала осум категоризирани искачувања, а последното од нив било 8,3 километри пред целта.[2] Втората завршила на искачување од 2 километри со просечен наклон од 11,7%;[3] третата и четвртата етапа повторно имале повеќе искачувања кратко пред целта. Петтата етапа била најтешка, со 5,5 километри искачување на Арате со просечен наклон од 8,5%, кратко пред целта. Последната етапа била ридски поединечен хронометар околу Ејбар.[4]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  4 апрЕчебарија – Маркина-Хемејн
среднопланинска етапа
144 Луис Леон Санчес Луис Леон Санчес
2  5 апрМаркина-Хемејн – Амурио (Алава)
среднопланинска етапа
174,3 Микел Ланда Микел Ланда
3  6 апрВиторија – Лесака
среднопланинска етапа
193,5 Стив Камингс Микел Ланда
4  7 апрЛесака – Орио
среднопланинска етапа
165 Самуел Санчес Вилко Келдерман
5  8 апрОрио – Арате
планинска етапа
159 Диего Роза Серхио Енао
6  9 апрЕјбар – Ејбар
индивидуален хронометар
16,5 Алберто Контадор Алберто Контадор

Екипи

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] На уште две други екипи – Кофидис and Каха Рурал-Сегурос РГА –добиле специјална покани за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи. Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, имало вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.[6]

Екипи од Светската турнеја на UCI

Континентални професионални екипи

Фаворити пред трката

Планинскиот терен означувал дека фаворити за победа биле само искачувачите; секоја етапа нудела можности за напади. Завршните две етапи (искачувањето до Арате и поединечниот хронометар) се очекувало да бидат одлучувачки. Првите двајца возачи од изданието во 2015 година, Хоаким Родригес (Катјуша) и Серхио Енао (Тим Скај), обајцата се вратиле на трката. Родригес не бил во добра форма и не завршил помеѓу првите десет на некоја трка во 2016 година.[4] Енао се очекувало да вози како поддршка на новиот член на екипата Микел Ланда, но Ланда бил болен и не бил во добра форма; поради тоа Енао станал водач на екипата.[4][7] Меѓутоа, главни фаворити, биле Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Алберто Контадор (Тинкоф); обајцата поранешни победници на трката (Кинтана во 2013 година, а Контадор во 2008, 2009 и 2014 година). Кинтана го поразил Контадор претходниот месец на Волта а Каталуња. Други фаворити биле Даниел Мартин (Етикс-Квик Степ) и Фабио Ару (Астана), заедно со Тибо Пино (ФДЖ).

Етапи

Етапа 1

4 април – Ечебарија до Маркина-Хемејн, 144 км

Резултат од етапа 1
МестоВозачЕкипаВреме
1  Луис Леон Санчес (ШПА)Астана3ч 54' 21"
2  Даниел Наваро (ШПА)Кофидиси.в.
3  Сајмон Геранс (АВС)Орика-БајкЕксчејнџи.в.
4  Фабио Фелине (ИТА)Трек-Сегафредои.в.
5  Сајмон Кларк (АВС)Канондејл-Драпаки.в.
6  Јан Бакелантс (БЕЛ)Аг2р-Ла Мондијали.в.
7  Даниел Мартин (ИРС)Етикс-Квик Степи.в.
8  Варан Баргиј (ФРА)Џајант-Алпецини.в.
9  Тони Галопен (ФРА)Лото-Судали.в.
10  Сергеј Чернецки (РУС)Катјушаи.в.
Извор: [8]
Генерален пласман по етапа 1
МестоВозачЕкипаВреме
1  Луис Леон Санчес (ШПА) Астана3ч 54' 21"
2  Даниел Наваро (ШПА)Кофидис+ 0"
3  Сајмон Геранс (АВС)Орика-БајкЕксчејнџ+ 0"
4  Фабио Фелине (ИТА)Трек-Сегафредо+ 0"
5  Сајмон Кларк (АВС)Канондејл-Драпак+ 0"
6  Јан Бакелантс (БЕЛ)Аг2р-Ла Мондијал+ 0"
7  Даниел Мартин (ИРС)Етикс-Квик Степ+ 0"
8  Варан Баргиј (ФРА)Џајант-Алпецин+ 0"
9  Тони Галопен (ФРА)Лото-Судал+ 0"
10  Сергеј Чернецки (РУС)Катјуша+ 0"
Извор: [9]

Етапа 2

4 април – Маркина-Хемејн до Баранбио-Гарастачу (Амурио), 174,2 км

Резултат од етапа 2
МестоВозачЕкипаВреме
1  Микел Ланда (ШПА)Тим Скај4ч 43' 17"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1"
3  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај+ 5"
4  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 9"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 11"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 13"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА)ФДЖ+ 15"
Извор: [10]
Генерален пласман по етапа 2
МестоВозачЕкипаВреме
1  Микел Ланда (ШПА) Тим Скај8ч 37' 38"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1"
3  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај+ 5"
4  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 9"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 11"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 13"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА)ФДЖ+ 15"
Извор: [11]

Етапа 3

6 април 2016 – Виторија до Лесака, 193,5 км

Резултат од етапа 3
МестоВозачЕкипаВреме
1  Стив Камингс (ВБР)Тим Дименжн Дата5ч 01' 57"
2  Сајмон Геранс (АВС)Орика-БајкЕксчејнџи.в.
3  Фабио Фелине (ИТА)Трек-Сегафредои.в.
4  Џанлука Брамбила (ИТА)Етикс-Квик Степи.в.
5  Џовани Висконти (ИТА)Мовистар Тими.в.
6  Сајмон Кларк (АВС)Канондејл-Драпаки.в.
7  Тони Галопен (ФРА)Лото-Судали.в.
8  Пело Билбао (ШПА)Каха Рурал-Сегурос РГАи.в.
9  Сергеј Чернецки (РУС)Катјушаи.в.
10  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скаји.в.
Извор: [12]
Генерален пласман по етапа 3
МестоВозачЕкипаВреме
1  Микел Ланда (ШПА) Тим Скај13ч 39' 35"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1"
3  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај+ 5"
4  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 9"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 11"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 13"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА)ФДЖ+ 15"
Извор: [13]

Етапа 4

7 април 2016 – Лесака до Орио, 165 км

Резултат од етапа 4
МестоВозачЕкипаВреме
1  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер4ч 13' 12"
2  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Меридаи.в.
3  Варан Баргиј (ФРА)Џајант-Алпецини.в.
4  Алекси Вијермоз (ФРА)Аг2р-Ла Мондијали.в.
5  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скаји.в.
6  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тими.в.
7  Алберто Контадор (ШПА)Тинкофи.в.
8  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбои.в.
9  Лосон Кредок (САД)Канондејл-Драпаки.в.
10  Хоаким Родригес (ШПА)Катјушаи.в.
Извор: [14]
Генерален пласман по етапа 4
МестоВозачЕкипаВреме
1  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо17ч 52' 48"
2  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај+ 4"
3  Микел Ланда (ШПА)Тим Скај+ 7"
4  Самуел Санчес (ШПА) Ванти-Груп Гобер+ 8"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 10"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 12"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 14"
8  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 14"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 14"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА)ФДЖ+ 14"
Извор: [15]

Етапа 5

8 април 2016 – Орио до Арате (Ејбар), 159 км

Резултат од етапа 5
МестоВозачЕкипаВреме
1  Диего Роза (ИТА)Астана4ч 19' 19"
2  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај+ 3' 13"
3  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 3' 13"
4  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 3' 15"
5  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 3' 15"
6  Самуел Санчес (ШПА) Ванти-Груп Гобер+ 3' 40"
7  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 3' 41"
8  Лосон Кредок (САД)Канондејл-Драпак+ 3' 56"
9  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 4' 12"
10  Серж Пауелс (БЕЛ)Тим Дименжн Дата+ 4' 12"
Извор: [16]
Генерален пласман по етапа 5
МестоВозачЕкипаВреме
1  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај22h 15' 24"
2  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф+ 6"
3  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 10"
4  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 12"
5  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 31"
6  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 38"
7  Лосон Кредок (САД)Канондејл-Драпак+ 1' 00"
8  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1' 07"
9  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 1' 09"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА)ФДЖ+ 1' 11"
Извор: [17]

Етапа 6

9 април 2016 – Ејбар, 16,5 км (ITT)

Резултат од етапа 6 (ITT)
МестоВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф 29' 13"
2  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 5"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај+ 18"
4  Адам Јејтс (ВБР)Орика-БајкЕксчејнџ+ 53"
5  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 1' 04"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 1' 09"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 1' 16"
8  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 1' 16"
9  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)Астана+ 1' 21"
10  Пело Билбао (ШПА)Каха Рурал-Сегурос РГА+ 1' 26"
Извор: [18]
Генерален пласман по етапа 6 (ITT)
МестоВозачЕкипаВреме
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф22ч 44' 43"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај+ 12"
3  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 37"
4  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 1' 13"
5  Хоаким Родригес (ESP)Катјуша+ 1' 22"
6  Самуел Санчес (ШПА)Ванти-Груп Гобер+ 1' 29"
7  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Мерида+ 2' 19"
8  Симон Шпилак (СЛО)Катјуша+ 2' 47"
9  Лосон Кредок (САД)Канондејл-Драпак+ 2' 52"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 3' 14"
Извор: [19]

По трка

Реакции на возачите

Алберто Контадор на неколку претходни настани објавил дека 2016 ќе му биде последна како професионален возач. По победата на Трката околу Баскија, меѓутоа, изјавил „сигурен сум дека ова нема да биде последен пат да дојдам тука“ и изјавил дека веројатно ќе продолжи и по сезоната 2016. Тоа му била прва победа на генерален пласман по Рут ди Сид 2015; ја посветил својата победа на неговите обожаватели и на Олег Тинков, сопственикот на екипата Тинкоф.[20] Серхио Енао изјавил дека се обидел со различна тактика на хронометарот – чувајќи се рано на патеката за поголем напор кон крајот – и изјавил дека бил задоволен од неговиот резултат и како неговата екипа возела. Изјавил дека се чувствувал силен пред неговите главни цели за сезоната, арденските класици.[21] Кинтана изјавил дека промената на велосипедот на хронометарот му помогнала, но дека не било доволно за победа на етапата. Изјавил дека бил задоволен како извозел на трката и како се опоравил од болета претходно во неделата.[22]

Поредок во Светската турнеја

Во Светската турнеја, победата на Контадор го поместил од третото на второто место, 59 бода зад колегата Петер Саган. Серхио Енао се поместил од осмото на четвртото место, а Кинтана од дванаесеттото на петтото место. Шпанија повела во националниот пласман, претходно на петтото место. Тинкоф ја задржал водечката позиција во екипниот пласман, пред Тим Скај.[23]

Поредок во Светската турнеја на 9 април 2016
МестоВозачЕкипаБодови
1  Петер Саган (СВК)Тинкоф329
2  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф280
3  Ричи Порт (АВС)Ванти-Груп Гобер222
4  Серхио Енао (КОЛ)Тим Скај204
5  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим178
6  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек-Сегафредо166
7  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер162
8  Сеп Ванмарке (BEL)Лото НЛ-Џамбо141
9  Арно Демар (ФРА)ФДЖ137
10  Сајмон Геранс (АВС)Орика-БајкЕксчејнџ119
Извор: [23]

Пласмани

На Трка околу Баскија 2016 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2015 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Поредок

Водство во пласманите
ЕтапаПобедникГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Спринтерски пласман
Екипен пласман
1Луис Леон СанчесЛуис Леон СанчесЛуис Леон СанчесЈонатан ЛастраНикола ЕдеАг2р-Ла Мондијал
2Микел ЛандаМикел ЛандаМикел ЛандаНикола ЕдеТим Скај
3Стив КамингсСајмон ГерансШтефан ДенифлШтефан Денифл
4Самуел СанчесВилко КелдерманСамуел СанчесКатјуша
5Диего РозаСерхио ЕнаоСерхио ЕнаоДиего РозаНикола ЕдеТим Скај
6Алберто КонтадорАлберто Контадор
На крај
Алберто КонтадорСерхио ЕнаоДиего РозаНикола ЕдеТим Скај

Наводи

Извори

  • Revista [Roadbook]. San Sebastián: Organizaciones Ciclistas Euskadi. 2016.

Наводи

Надворешни врски