Тропрст галеб

Тропрст галеб
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Птици
Ред:Бекасови
Семејство:Галеби
Род:Rissa
Вид:Тропрст галеб
Научен назив
Rissa tridactyla
(Linnaeus, 1758)
     Лето      Зима

Тропрстиот галеб (Rissa tridactyla) е вид птица од семејството галеби. Го има и во Македонија. Овој вид за првпат бил опишан од Карл Лине во 1758 како Larus tridactylus.[2]

Опис

Возрасниот тропрст галеб е долг 37-41 см со распон на крилјата 91 – 105 см и тежина од 305 до 525 грама.[3] Има бела глава и тело, сив грб и сиви крилја обрабени со црно. Има црни нозе и жолт клун. Некои единки имаат розово-сиви до црвеникави нозе. Во зима, овој вид има темносива дамка зад окото и сива лента на вратот како гердан. Се огласува со врескаво „кити-во-аајк, кити-во-аајк“.

Распространетост и размножување

Тропрстиот галеб се размножува на бреговите на северниот Тихи Океан и северниот Атлантски Океан, често среќаван во Северна Америка и Европа. Се размножува во големи колонии на бреговите и тогаш се многу бучни. Снесуваат 1 или 2 сивкасти јајца со потемни дамки, во гнездо наредено со мов или алги. Малечките се сосема бели без никакви камуфлажни пердуви бидејќи не излегуваат веднаш од гнездото да шетаат наоколу. За разлика од другите галеби, овие го напуштаат брегот и навлегуваат во отворениот океан, вон сезоната на парење.

Подвидови

Има два подвида:

  • Rissa tridactyla tridactyla во северен Атлантски Океан;
  • Rissa tridactyla pollicaris во северен Тихи Океан.

Галерија

Наводи

  • Harrison, Peter (1988). Seabirds: An Identification Guide. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-1410-8

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица