Тукуман (покраина)

Тукуман (шпански: Tucumán) — покраина во Аргентина, сместена во северозападниот дел на државата. Главен град е Сан Мигел де Тукуман. Се граничи со покраините Салта, Сантјаго дел Естеро и Катамарка. Нагалено се нарекува El Jardín de la República („Градина на републиката“).

Тукуман


Coat of Arms

Главен градСан Мигел де Тукуман
Површина22,524 km²
Население1,338,523 (2001)
Густина59.42/km²
ГувернерХосе Алперович
ДемонимTукуманец
ISO 3166-2AR-T

Географија

Езерото Ла Ангостура
Црквата Виланугес
Типичен пејзаж во Тукуман

Тукуман е најмалата покраина во Аргентина по површина. Највисоката точка е Серо дел Болсон со 5.550 метри.

Таа има топла суптропска клима и обилни дождови во секој нејзин дел.

Најголема река е Сали. Тука се наоѓаат и неколку големи хидроцентрали како „Ел Кадилјал“. која е најважна за таа област, потоа „Ембласе Рио Ондо“ на реката Ондо, „Ла Ангостура“ на реката Рио де лос Соса и „Ескаба“ на реката Марапа.

Стопанство

Економијата на покраината се темели на преработката и производството на шеќер, со насади од 2.300 км2, со учество од 60% од производството на шеќер во земјата. Освен тоа тука се одгледува и лимонот (најголем произведувач во светот), јагода, киви, грав, пченка, луцерка и соја.

Присутни се и говедата и овците, но повеќе за домашна употреба.

Административна поделба

Покраината има 17 департмани (departamentos).

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица