Ултрависока честота

Ултрависока честота (UHF) — предназнака на МТУ[1] за појас на електромагнетниот спектар помеѓу 300 мегахерци (MHz) и 3 гигахерци (GHz), позната и како дециметарски појас поради тоа што бранова должина на радиочестотите е од еден метар до еден дециметар. Честотите кои се наоѓаат под UHF појасот се нарекуваат многу високи честоти (VHF), додека честотите од повисокиот појас се познати како ултрависоки честоти (SHF). UHF радиобрановите се шират главно во линија на поглед, и поради ова се блокирани од ридови и планини, иако успеваат да се пробијат низ ѕидови на објекти што ги прави погодни за внатрешен прием. Радиобрановите од овој појас се употребуваат за телевизиска радиодифузија, мобилна телефонија, сателитска комуникација вклучително и ГПС, лични радио уреди вклучувајќи Wi-Fi и Bluetooth, рачни примопредаватели, радиотелефони, сателитски телефони и други бројни примени.

Ултрависока честота
Ултрависока честота (МТУ)
Честотен опсег
300 MHz до 3 GHz
Бранови должини
1 m до 1 dm
Сродни појаси
B / C / D / E појаси (НАТО)
UHF и L / S појаси (IEEE)
Ултрависока честота (IEEE)
Честотен опсег
300 MHz до 1 GHz
Бранови должини
1 m до 3 dm
Сродни појаси
UHF (МТУ)
B / C појаси (НАТО)
UHF телевизиска антена. Овој вид антени се нарекува Јаги-Удинова антена која е широко употребувана за прием на честоти од UHF појасот.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица